Расположени за празниците
Почнавте да трчате низ гужвите по градот за да купите новогодишни украси и подароци за најблиските? Ако имате тенки нерви празниците може да бидат...
...навистина непријатни за вас.
Како да ги прославите без стрес и во добро расположение?
1. За кризни ситуации. Во чантата носете 10% масло од лаванда затоа што неговиот мирис е вистински мелем за душата. Кога и да почувствуате дека ги губите нервите капнете малку на крагњата или на шалчето и барем за кратко ќе се опуштите.
2. Во последен момент. Не оставајте шопинг за последните претпразнични денови. Купувајте дел по дел за да ги намалите нервозите.
3. Подалеку од негативните мисли. Наместо да се полните со негативна енергија, размислувајте позитивно и обидете се да се радувате за нешто.
4. Моменти за опуштање и релаксација. Секој ден одвојте барем 20 минути само за себе и за свој ќеф.
5. Корисна масажа. Подарете си’ предпразнична корисна масажа. Навистина ќе ве препороди во целиот стрес и гужви.
6. За повеќе енергија. Внесувајте витамин Б12, а за уморни нозе направете купка за нозе со етерично масло од рузмарин.
7. Внимателно со алкохолот. Алкохол консумирајте само паралелно со големо количество вода и во умерени количини за да го избегнете утринскиот мамурлак.