5 познати „проколнати семејства“ чиј живот бил одбележан со несреќи, афери и чудна смрт
Рационалниот човек не верува во натприродните сили, туку во човечката злоба, но примерите на овие славни семејства будат сомнежи во вистинското постоење на проклетството.
Низа трагични настани, со премногу случајност, ја запечатиле нивната судбина, како некој навистина да фрлил злобно проклетство врз нив. На овие луѓе ниту богатството ниту славата не им помогнале во животот.
Запознајте ги петте познати и „проколнати“ семејства:
Љубовното проклетство на семејството Грмималди
Ова е проклетство со кое може да се поистовети секој што бил во несреќен брак. Несреќната серија на љубовни бродоломи на сегашните членови на владејачкото семејство Грималди од Монако, може да се прeпише на нивните предци.
Првиот бил Франческо Грималди, кој ја воспоставил доминацијата на семејството над градот-држава. Тој успеал да влезе во тврдината така што се облекол во монах и ги измамил чуварите да го пуштат.
Другиот предок, принцот Рение Први, бил уште полош, кога ја киднапирал познатата убавица и девица и ја силувал. Според легендата, девојката тогаш станала вештерка и го проколнала со зборовите „Ниту еден Грималди нема да најде среќа во бракот“.
Проклетството се остварило кога американската актерка и сопруга на принцот Рение Трети, Грејс Кели, загинала во сообраќајна несреќа. По кратко време, нивните три деца се нашле во низа скандали и несреќи.
Семејството Кенеди и клетвата на рабинот
Листата на трагичните настани што го погодиле ова семејство е долга. Во 1941 година Розмери Кенеди, која била ментално болна, била примена во ментална установа по неуспешна лоботомија, а во 1944 година Џозеф П. Кенеди, најстариот син на семејството, починал откако неговиот авион се урнал над Ла Манш.
Кетлин Кенеди Кавендиш загинала во авионска несреќа во 1948 година, синот на претседателот Кенеди и неговата сопруга Жаклин, Патрик, починал како бебе во 1963 година, а самиот Џон Кенеди бил убиен во атентатот истата година.
Следната година Едвард Кенеди загинал во сообраќајна несреќа, а синот на Роберт Кенеди, Дејвид, починал во 1984 година од предозирање со дрога. Вториот син на Роберт, Мајкл, загинал во скијачка несреќа во 1997 година.
Проклетството сè уште не е завршено. Последната „жртва на клетвата“ починала во 2012. Се работи за сопругата на Роберт Кенеди, Мери Ричардсон Кенеди, која се самоубила.
Постои теорија дека целото семејство е проколнато, а постојат и неколку теории за тоа како настанало проклетството.
Според една, проклетството го фрлил еден рабин на таткото на поранешниот американски претседател Џозеф (Џо) Кенеди, кој наводно бил бескрупулозен човек и антисемитист.
Според друга, проклетството му се припишува на Томас Фицџералд, дедото на Џон Фицџералд Кенеди.
Брус Ли и проклетството на змејот
Мистериозните околности околу смртта на легендата Брус Ли станаа неисцрпен извор на теории на заговор. Покрај теоријата дека кинеската мафија сакала да го отстрани, популарна е и натприродна претпоставка дека Брус и неговиот татко, Ли Хои Чуен, биле жртви на проклетство.
Имено, таткото на Брус Ли ја налутил групата кинески трговци кои го проколнале со зборови: „сите мажи во вашето семејство ќе умрат млади“. Ли и неговата сопруга го сфатиле сериозно ова проклетство, а биле убедени во истото кога починал нивниот првороден син, братот на Брус.
За да го минимизираат ефектот на демонските сили, тие го нарекувале Брус со женско име - Саи Фон. По снимањето на филмот „Змеј“ во кој Брус Ли се бори со физичката манифестација на демонот, целата приказна добила уште поголема популарност, а самиот филм бил објавен само два месеци пред смртта на Ли.
Дали тој самиот станал жртва на ова проклетство или се работи за случајност?
Проклетството на Хабсбурговците
Една од најмоќните династии во Европа, наводно, била проколната со проклетство што доаѓало од птици. Поточно, станува збор за гаврани.
Според легендата, нивната судбина била запечатена откако нивните предци ги убиле сите гаврани кои живееле во нивниот замок.
Потоа, натприродно моќните гаврани, што ги нарекувале Турнфалкен, почнале да се појавуваат секој пат кога некој член на семејството требало да умре, вклучувајќи ја и смртта на Марија Антоанета во Француската револуција.
Проклетство фрлено врз владеачкото семејство на Непал
Целиот свет беше шокиран во 2001 година, кога непалскиот принц Дипендра ги убил неговиот татко, мајка и седум други членови на кралското семејство.
По масакрот, принцот паднал во кома, но пред неговата смрт успеал да се прогласи за крал. Според легендата, првиот непалски крал, Притхви Нарајан Шах бил проколнат од еден јоги.
Тој му рекол дека владеењето на неговите потомци ќе заврши по десеттата генерација, што и се случило.
Ашера | Црнобело