86-годишен старец научил да плете и направил стотици капчиња за предвремено родени бебиња

Можеби велат дека старо куче не можете да научите на нови трикови, но 86-годишниот Ед Моселеј не се согласува ова. Овој активист ќе ви покаже дека никогаш не е доцна да научите некоја нова вештина.

89-godishen-starec-nauchil-da-plete-i-napravil-stotici-kapchinja-za-predvremeno-rodeni-bebinja-01.jpg

Целата приказна започнала кога вработените во домот стари лица во кој е сместен Е,д ги замолиле старците да направат плетени капи за предвремено родени бебиња. Ед бил навистина возбуден што може да учествува во нешто такво.

„Никогаш порано не сум плетел. Велат дека ова е добар проект што ќе ги држи старите настрана од неволји.“

89-godishen-starec-nauchil-da-plete-i-napravil-stotici-kapchinja-za-predvremeno-rodeni-bebinja-02.jpg

И покај тоа што води битка со рак, Ед научил да плете за само 4 дена. На почетокот му биле потребни 4 часа за да исплете една капа за бебе, но со текот на времето станал експерт.

Сега на Ед му се потребни час и половина за да исплете една капа, и тоа додека гледа телевизија или разговара со некого.

89-godishen-starec-nauchil-da-plete-i-napravil-stotici-kapchinja-za-predvremeno-rodeni-bebinja-03.jpg

Во првите неколку недели, Ед направил 55 капчиња. Набрзо потоа му се придружиле и другите од домот. Заедно сплетеле над 300 капчиња за новороденчињата. Сите капи биле однесени во болницата Northwise.

Патриција Блант, мајка на предвремено родено бебе, изјавила: „Навистина е добро што толку многу луѓе се грижат за бебињата на интензивна нега. Да се биде овде може навистина да ти го наруши денот, но кога знаете дека луѓето се грижат доволно за да им помогнат на родителите, тоа е навистина за ценење.“

89-godishen-starec-nauchil-da-plete-i-napravil-stotici-kapchinja-za-predvremeno-rodeni-bebinja-04.jpg

Ед се надева дека ќе остане во пензионерскиот дом и дека ќе продолжи со плетење. Целта му е да испраќа по 30 нови капчиња секој месец.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg