Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Починал откако се сопнал од сопствената брада и уште 4 бизарни смртни случаи

Смртта е нешто што ќе ни се случи на сите порано или подоцна, но кога веќе треба да заминеме од овој свет, би сакале тоа да биде достоинствено. Постојат евидентирани случаи за луѓе кои починале на најразлични натпревари, при посети на забавни паркови, па дури и откако добиле лотарија.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 01

Има милиони начини да се умре, а следниве се прилично бизарни (и вистински).

Млад човек починал откако скокнал во езеро преполно со пирани

Инцидентот се случил во Боливија во 2011 година - 18 годишно момче под дејство на алкохол решило да скокне од својот чамец во езерото преполно со пирани.

Нападот од овие смртоносни риби бил неизбежен, и момчето искрварило до смрт. При истрагата се открило дека причината за скокот можеби бил обид за самоубиство, бидејќи момчето било познат рибар во регионот.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 02

Маж починал откако се сопнал од сопствената брада

Ханс Штајнингер бил познат во 16-тиот век по тоа што ја имал една од најдолгите бради на светот - таа била долга речиси метар и половина, но за негова несреќа, истата таа брада ја предизвикала неговата смрт.

Штајнингер имал навика да ја носи брадата собрана за да не му пречи додека се движи, но еден ден едноставно заборавил, а за работите да станат уште побизарни, избувнал пожар. Обидувајќи се да избега, тој се сопнал од брадата и при падот го скршил вратот по што веднаш починал.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 03

Невеста се удавила за време на свадбената фотосесија

Ваквите настани се тажни, особено поради фактот што свадбата се смета за ново поглавје во животот, и сигурно не е вистинскиот момент да се умре. 30-годишна девојка позирала за својата свадбена фотосесија, но неколку недели откако се омажила, бидејќи решила дека сака повеќе свадбени фотографии.

Додека стоела на карпа и ја фотографирале, фустанот почнал да се мокри и за кратко толку натежнал што ја повлекол невестата во водата. Фотографот се обидел да ја спаси, но фустанот бил претежок и невестата се удавила.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 04

Жена починала откако ја закопале жива

Можеби не звучи толку неверојатно, но откако една жена во Русија по грешка била прогласена за мртва од докторите, одненадеж се освестила. Откако сфатила дека е во ковчег и семејството веќе ја закопува, почнала да вреска за спас.

За жал, ситуацијата предизвикала таа да западне во состојба на шок, по што следел и срцев удар.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 05

Маж починал откако крава паднала врз него додека спиел

Ни во најлудите соништа не би претпоставиле дека човек може да замине на ваков начин, но очигледно дека се случило и ова. Човекот спиел во својата спална кога крава пропаднала низ неговиот кров и слетала директно врз него.

Се верува дека кравата успеала да се качи на кровот бидејќи тој завршувал веднаш до стрмен рид, но не ја издржал нејзината тежина. Сопругата на несреќникот успеала да се извлече со мали повреди, но тој починал на лице место.

Pocinal otkako se sopnal od sopstvenata brada 06

А.Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg