Занимација за кучиња и мачки
Зошто само луѓето би се забавувале со разни гаџети и тракатанци? Технологијата денес е достапна и за домашните миленичиња, а направите варираат од блесави до корисни.
Што може да му купите денес на вашето животинче:
1. Top Tag Pet ID
Мини USB со 64MB ги чува сите информации за вашето куче на едно место. Се носи околу врат и може да им користи на ветеринарите, оние кои пронашле некое изгубено куче или пријателите кои ви го чуваат кутрето преку лето.
2. GoDogGo Automatic Ball Launcher
На секое кутре му треба занимација, а вие повеќе би сакале да одморите на некоја клупа во паркот или во сопствениот двор? GoDogGo автоматски ги фрла топчињата на оддалеченост од најмногу 9 метри. Уредот чини околу $120 долари.
3. Bubble Buddy
Пиштолот кој прави меурчиња со вкус на сланина сигурно ќе го развесели секое кутре и сопственикот. Чини околу 20 долари.
4. FroliCat
Додека кучето лови меурчиња и топчиња, мачките може да се забавуваат со ласер. FroliCat ги излудува мачињата кои со саат може да го бркаат ласерот безуспешно.
5. Jog a Dog Treadmill
Кучињата сакаат да трчаат во природа, но зафатените сопственици денес може да им набават лента за трчање во домот! Да, да и ова го има.