5 познати личности кои се борат за заштита на планетата
Кога зборуваме за светот на познатите обично зборуваме за слава, пари, физички изглед и други површни теми.
Но, меѓу познатите луѓе постојат и оние кои се сериозни во врска со важните фактори што влијаат на сите нас, како глобално затоплување, климатски промени, истребување на животните и уништување на шумите.
Дознајте кои пет познати личности се борат за планетата Земја:
Дерил Хана
Покрај улогите во филмските класици, како „Blade Runner „и „Kill Bill“, русокосата актерка е позната по својата борба за зачувување на животната средина.
Посебно е ангажирана против Keystone XL, компанија која поставува цевки и предизвикува несакани климатски проблеми. Дерил Хана е основач на здружение „Sustainable Biodiesel Alliance“, а учествува и во разни други еколошки панели.
Стинг
Поранешниот пејач на Police претставува уште една позната личност која се грижи за планетата Земја. Всушност, Стинг и неговата сопруга, Труди Стилер, веќе долго време се борат за зачувување на дождовните шуми.
Заедно ја основале фондацијата „Rainforest Foundation“ со која успеале да ги спасат дрвјата.
Жизел Бундшен
Бразилската убавица и врвен модел со својот активизам веќе осум години се прогласува за „најзелената“ личност меѓу славните личности. Таа е член на алијансата „Rainforest“, која се занимава со одржување на флората и фауната на дождовните шуми.
Леонардо Дикаприо
Може да се каже дека оскаровецот, и едниот од најбараните актери во Холивуд, е најпознатиот еко-активист меѓу познатите.
Списокот на неговите ангажмани нема крај. Дикаприо е член на многу организации кои сакаат да ја спасат нашата планета. Поради неговата љубов кон животните, Леонардо е дел од „World Wildlife Federation“ како и „Global Green USA“.
Кејт Бланшет
Славната актерка првенствено се обидува да води „зелен“ живот, фокусиран на еколошки избори. Таа е особено фокусирана на прашањето за климатските промени, затоа активно се занимава со овој проблем.
Кејт е долгогодишен амбасадор на „Australian Conservation Foundation“.
Ашера | Црнобело