Дали жените со мали гради им завидуваат на оние со големи и обратно?
Големината на градите не ве прави повеќе или помалку женствени. И малите и големите гради си имаат свои предности, но сепак, најважното нешто е да бидат здрави. Доколку имате мали гради, веројатно понекогаш сте им завидувале на девојките со поголеми, или обратно.
Во продолжение погледнете што имаат да кажат неколку девојки на оваа тема:
За големите гради
„Имам проблем со големите гради, често ме боли грбот па морам да одам на разни масажи кои веројатно не им се потребни на жените со мали гради.
Покрај тоа, кога е топло, постојано се потам под градите, а од ова ми се создаваат рани. Поради тоа постојано морам да нанесувам пудра или да ги масирам градите со масло.
Мислам дека жените со мали гради се навистина среќни.“ - К. П. (30)
„Најлошо ми е кога излегувам и кога сакам да се средам, па облекувам блуза со деколте, а моите гради толку висат, што ниту еден градник не може да ги подигне.
Поради ова се нервирам за изгледот на моето деколте и на крајот облекувам друга блуза.“ - П. М. (42)
„Секогаш кога одам во продавница за нова облека, наидувам на проблеми како мал број или пак во продавницата имаат само пуш-ап градници кои не ми се потребни.
Поминувам милион продавници и на крај излегувам само со еден градник, најчесто бабински, бидејќи, ете, моите гради се толку големи што не ми стојат тренди модели.“ - И. Х. (18)
„Задоволна сум од своите гради, искрено. Во сексот ми е поубаво кога мажот ми ги допира градите. А кога ќе облечам фустан, градникот не ми е потребен.
Моите гради изгледаат толку добро, што добро ми стои секој фустан или блуза со деколте.“ - Л. Ѓ. (27)
„Открив дека спортскиот градник ми помага со моите големи гради, кои инаку ги сметам за убави. Сепак ми е тешко да најдам добар градник и често може да ми биде неудобен.
Сега секој ден носам спортски градник и сум опуштена, а градите не ме болат и изгледаат добро.“ - Г. Г. (51)
„Луѓето често ме гледаат во градите наместо во очи. Ова не ми е неудобно бидејќи знам дека ги воодушевува.“ - Ј. Ф. (52)
За малите гради
„Не сум среќна со малите гради. Момчето постојано се шегува со мене како немало во што да гледа, па морал да гледа во други девојки.
Знам дека само се шегува, но понекогаш сепак се сомневам дека поради тоа не сум му привлечна.“ - М. Р. (25)
„Морам да признаам дека отсекогаш сум им завидувала на девојките кои имаат големи гради. Некако тоа ми е поженствено и посекси, па едно време размислував да ги зголемам моите со операција.
Се надевам дека со годините ќе се помирам со тоа.“ - Ф. К. (29)
„Пред неколку години се разведов и сега повторно сакам да бидам привлечна и да запознаам некого. Но сега, како зрела жена, повторно ми се враќа несигурноста од младоста на која се навикнав во бракот, и повторно се чувствувам 'рамна како штица'.
Во меѓувреме научив неколку трикови како тоа кој модели на блузи ми стојат најмногу и кој пуш-ап градник е најдобар за моите мали гради.
Сепак не ми се допаѓа што се чувствувам несигурно, иако сега, на оваа возраст, знам дека големината на градите не може да ѝ застане на патот на вистинската љубов.“ - З. Б. (46)
„Среќна сум што имам мали ради, никогаш не сакав големи, особено кога гледам како мојата пријателка се мачи со врзување на појасот во автомобил, додека јас го правам тоа без проблем.
Секогаш се шегувам дека никогаш нема да предизвикам сообраќајна несреќа бидејќи не ги привлекувам погледите на возачите како неа.“ - Љ. Е. (19)
„Кога излегувам ми пречи што градникот ме стега, па тогаш излегувам без него. И среќна сум бидејќи никој не забележува дека немам градник.
Мислам дека оваа слобода можат да ја доживеат само мажите и децата и, се разбира, ние со мали гради.“ - И. Ш. (50)
„Одлично ми е кога одам да купам костим за капење, па кој и да го земам ми стои добро. Немам проблем дека ќе ми биде мал, а ако е малку поголем, додавам сунѓер и проблемот е решен.“ - А. М. (36)
Спирова С. | Црнобело