Вештачка интелигенција направи реалистична анимација од Мона Лиза

Загадочната насмевка на Мона Лиза ни е позната на сите. Сега, благодарение на вештачката интелигенција, познатото лице доби нов сет на изрази.

veshtachka-inteligencija-napravi-realistichna-animacija-od-mona-liza-01.jpg

На видео споделено на Јутјуб се прикажани три клипови каде што Мона Лиза ги движи нејзините усни и ја мрда главата. Овие клипови се направени од вид вештачка интелигенција која ги процесира инфомрациите слично како и човечкиот мозок, со цел да анализира и процесира слики.

Истражувачите го „тренирале“ алгоритмот да ги разбере основните изрази на лицето и како тие се поврзани едни со други. Потоа програмата имала задача да ги примени овие информации на слики.

Резултатот е реалистично видео со нови изрази на лицето добиени од една слика.

За видеата со Мона Лиза, вештачката интелигенција го „учела“ движењето на лицето од тројца луѓе, создавајќи три различни анимации.

Иако Мона Лиза е препознатлива на секој од клиповите, разликите во изгледот и однесувањето на моделите за тренинг им даваат разни „карактери“ на „живите портрети“.

Тимот што работел на проектот направил и анимации од иконите на 20-тиот век, како Алберт Ајнштајн, Мерлин Монро и Салвадор Дали.

veshtachka-inteligencija-napravi-realistichna-animacija-od-mona-liza-02.jpg

Правењето вакви оригинални видеа воопшто не е лесно. Човечката глава е геометриски комплексна и динамична. Имено, 3Д моделите на главите имаат десетици милиони параметри.

Покрај тоа, човечкиот систем за гледање е навистина добар во идентификување и во најмалите грешки во 3Д моделирањето на човечки глави. Гледањето на нешто што изгледа речиси човечко, но не доволно, предизвикува чувство на неудобност познато како „ефект на чудна долина“.

Вештачката интелигенција и претходно има докажано дека правењето на убедливи анимации од овој тип е возможно, но потребни се повеќе агли од саканиот предмет.

За новото истражување, инженерите ѝ покажале на вештачката интелигенција голема база на податоци со видеа на кои има човечки лица во движење. Научниците одредиле неколку точки кои можат да се применат на секое лице, така што програмата може да научи како воглавно се однесуваат лицата.

Потоа ја тренирале вештачката интелигенција да ги користи референтните изрази за да направи движење според одликите на изворните слики. Ова ѝ овозможува на програмата да направи анимација од само една слика.

Колку повеќе изворни слики има, толку подетален е крајниот резултат. Видеата направени од 32 слики наместо една, резултирале со речиси „совршен реализам“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg