Зошто сме зависни од купување на непотребни работи?

Сите го знаеме тоа чувство на адреналин и возбуда кога сакаме да купиме нешто. За некои луѓе знаците на кои пишува 50% попуст, само денес, и слично, не се разликуваат многу од активирањето на другите видови на зависност.

Zosto sme zavisni od kupuvanje na nepotrebni raboti 01

Чувството кога ќе купиме нешто ново не се разликува многу од зависноста од алкохол, дрога или дури и храна, велат терапевтите. Кога купуваме нешто најчесто тоа го правиме без многу размислување, доколку цената е атрактивна.

Овие видови на емоционални одлуки се донесуваат несвесно.

Во моментот кога купуваме нешто ние се чувствуваме добро и позитивно. Но, зошто?

Возбудата што ја носи ловот

Влегување во нашата омилена продавница или пријавувањето на нашата омилена интернет продавница е катализатор.

Експертите велат дека оваа акција сама по себе му кажува на нашето тело дека треба да почне да произведува повисока доза на допамин, невротрансмитер во мозокот што нè прави среќни, а шопингот го гледаме како награда.

Купувањето е како лов на богатство, при што самата потрага нè мотивира.

Повеќето од нас размислуваат помалку од една секунда дали да купат нешто или не. Постои емоционална приврзаност кон одреден производ која се јавува од нашите претходни искуства со одредени брендови - што е тајната на ефективниот маркетинг.

Zosto sme zavisni od kupuvanje na nepotrebni raboti 02

Борба против внатрешните импулси

За време на намалувањето на цените автономниот разузнавачки систем на нашето тело рефлективно ја презема контролата врз некои органи, што доведува до интензивна реакција во телото.

Стравот дека ќе ја пропуштиме можноста да купиме нешто, во нас буди натпреварувачки дух, поради кој тешко можеме да ги контролираме импулсите. Во превод, купуваме нешто само за да не го купи истото некој пред нас.

Zosto sme zavisni od kupuvanje na nepotrebni raboti 03

Безбедноста не е во бројките

Дали мислите дека пријателите ќе ви ја олеснат зависноста од купувањето? Напротив, кога сме окружени со пријателите сакаме да купуваме уште повеќе.

Присуството на пријателите, другите продавачи во продавницата или читањето на онлајн коментари ни го олеснува купувањето, дури и кога сме неодлучни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg