Дикенс свирел хармоника, Хемингвеј бил (рибо)ловец: Невообичаени хобија на големите писатели и поети

Зборот „хоби“ потекнува од средновековна Англија, каде овој збор го означувал дрвениот коњ за играње. 

Nevoobicaeni hobija na golemite pisateli i poeti 01

Подоцна, кога зборот „хоби“ го добил самостојно значење, овој збор означувал детски ентузијазам. Денес знаеме дека и возрасните луѓе имаат хобија, како и научниците, уметниците и писателите. Ова се некои од невообичаените хобија на големите светски писатели и поети.

Сликарство е хоби со кое се занимавале многу познати писатели. Некои, како Виктор Иго и Вилијам Блејк, биле подеднакво познати по нивните слики, како и книги, додека другите, како Т.С. Елиот, Вилијам Фокнер, Киплинг и Беатрикс Потер, самите ги илустрирале своите дела.

Луис Керол се сметал за многу трпелив човек, опседнат со најситните детали, па не изненадува што неговото хоби била фотографија.

Nevoobicaeni hobija na golemite pisateli i poeti 02

Многу писатели, исто така, се занимавале и со музика, а некои биле дури и професионалци.

Чaрлс Дикенс редовно свирел на хармоника во локалниот паб, додека сите три сестри Бронте биле успешни пијанисти, а љубовта кон музиката била пренесена и на нивните литературни дела. Нивните романи подоцна често биле поставувани на сцената како мјузикли.

Покрај нив, современиот американски писател, Стивен Кинг, свирел гитара во бенд во младоста, но штом сфатил дека нема да може да заработува од своето хоби, почнал да пишува.

Сепак, малку е познато дека сè уште прави турнеи низ Америка со бројни концерти за добротворни цели.

Многу големи светски писатели подеднакво биле заинтересирани за науката. Марк Твен успеал да биде подеднакво добар како писател и научник. Твен измислил фото-албуми со самолепливи сликички, игри за подобрување на меморијата и, верувале или не, трегери.

Агата Кристи многу често го пратела својот сопруг, кој бил познат археолог, на неговите патувања, затоа и самата била заинтересирана за археологија. Но таа никогаш не сакала да се претстави како научник, бидејќи археологијата била само нејзино хоби.

Nevoobicaeni hobija na golemite pisateli i poeti 03

Беатрикс Потер, англиската писателка, имала многу необично хоби – проучување на габи. Всушност, таа била една од првите што ги препознала симбиотичките односи меѓу алгите и габите, но нејзиниот успех не бил признаен, бидејќи била жена.

Џ.Р.Р. Толкин, исто така, бил еден вид на научник, но во полето на лингвистиката. Уште од детство зборувал на десетина јазици. Неговиот интерес за говорниот систем му помогнал во создавањето на сопствениот јазик (јазикот на елфовите), преку кој се допишувал со неговата сопруга Едит.

Nevoobicaeni hobija na golemite pisateli i poeti 04

Од друга страна, Артур Конан Дојл, креаторот на Шерлок Холмс, тајно се занимавал со истражување на паранормално и натприродно, а бил и еден од првите познати ловци на духови.

Емили Дикинсон била позната готвачка, а освоила и бројни награди за своите кулинарски специјалитети. Најмногу награди земала за својата торта од кокос, за која не сакала да го открие рецептот долго време.

Ернест Хемингвеј бил запаметен како страстен ловец и риболовец. Тој патувал низ целиот свет, а бил награден на Карибите во 1935 година, бидејќи ја фатил најдолгата сабјарка.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg