Ти си силна жена, но заслужуваш да бидеш слаба одвреме-навреме

Ти си храбра и силна жена... си ја носиш кожата на себе како железен оклоп.

ti-si-silna-zhena-no-zasluzhuvash-da-bidesh-slaba-odvreme-navreme-1.jpg

Твојот оклоп е силен и дебел и не ги остава твоите душа и тело незаштитени, освен навечер кога спиеш.

Мислиш дека немаш право на нешто поинаку и дека секогаш мораш да бидеш потпора за секого, дека не смееш да потклекнеш.

Ти ги уништуваш болните зборови со моќта на твојата насмевка и секојпат кога животот ќе те скрши, ти брзо „се собираш“ себеси и се претвораш во најсилната и најотпорната верзија од себе.

Твоите блиски ти веруваат и те бараат тебе за совети и помош. Секојпат кога светот им се руши, тие се потпираат на твојата мудрост и зборови.  

Тие те гледаат како засолниште во бурни невремиња. Те гледаат како некој кој е доволно силен за да ги среди работите и да направи сè да биде во ред.

Ти имаш раце кои може да ги прегрнат сите нив и да ја излечат нивната болка.

Да, ти си силна жена. Но дозволено ти е да бидеш слаба одвреме-навреме. На крајот на денот, и ти си човек...

Дозволено ти е понекогаш да го тргнеш оклопот од тебе.

Не си должна секојпат да се одбрануваш од зборовите кои ти го кршат срцето.

И понекогаш, едноставно не можеш да се „собираш себеси“, бидејќи повеќе сакаш да бидеш легната на земја и да не мораш да поправаш ништо.

Дозволено ти е да си дадеш одмор и да ставиш стоп линија, да не бидеш сечие рамо за плачење.

Бидејќи, некогаш, едноставно не можеш да ги издржуваш сите на свој грб и да ги решаваш сите нивни проблеми.

Понекогаш сакаш да се одмориш и да се фокусираш на својот живот и проблеми.

Некогаш, сето ова, целата оваа „приказна“, да се биде силен цело време, станува толку напорно и исцрпувачко, што едноставно мора да го намалиш темпото и да си дадеш оддишка од сè и секого.

Дозволено ти е да ти недостасува сила. Дозволено ти е да бидеш изморена и да ги забавиш работите.

Дозволено ти  е некогаш да не можеш да ја издржиш целата таа драма, хаос и динамично темпо кое стана синоним за твојот живот.

И знаеш што? Нормално е. Во ред е да се одмориш и да земеш пауза. Тоа не значи дека не си силна, значи дека си изморена, како и секое друго човечко суштество.

Слабоста во одредени периоди од животот нема да ти ја одземе силата. Да бидеш слаба не значи дека нешто не е во ред со тебе. Не постои нешто совршено. Ниту пак, вечна сила.

Дозволи си да бидеш човек. Блескај во полн сјај со сите твои недостатоци и слабости. Тие се твојата сила.

Бидејќи, ако не постоеја тие, луѓето немаше да можат да сфатат колку си силна откако ќе ги надминеш...

Извор

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Секојдневието на жените, низ забавни илустрации Секоја жена со ретка коса знае колку е тешко да се направи тренди фризура, а и в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg