Денди – дали постои денес и како да го препознаеме?

Дендизмот е она што им е заедничко на Лорд Бајрон, Енди Ворхол, Оскар Вајлд, Дејвид Боуви, Бодлер, Евгениј Онегин, Марсел Пруст. Секој од нив бил денди на свој начин. 

Dendi dali postoi denes i kako da go prepoznaeme 01

Дендизмот е естетската форма на нихилизмот. Приказната за дендизмот започнува во Британија, кон крајот на 18-от век, а ја започнал Џорџ Брајан Бо Брумел, човекот кој имал најголемо влијание врз машката мода, не само во Британија туку и во светот.

Денес неговиот дендизам се смета за филозофски став според кој човекот знае дека историјата е завршена и дека повеќе не може да се идентификува со улогата на херојот.

Дендизмот бил духот на времето, животот на еден романтичен херој кој живеел со иронична дистанца. Дендизмит исчезнал каде и што настанал, во Англија, во времето на Брумел. Во таа смисла, самата појава и постоењето на дендизмот се поврзани со конкретните социјални услови што го создале.

Се тврди дека дендизмот, кој се преселил од Англија во Франција, прераснал во боемија.

Поминале повеќе од два века од појавата на овој концепт кој, во меѓувреме, се развивал, се губел и повторно се враќал.

Денес дендизмот може подеднакво да се поврзе со контроверзните феномени како што се панкот, хипстерството, мејнстрим ѕвездите, метросесуалците, интелектуалните снопови и сл. Овој поим е денес почесто придружен со негативна, отколку со позитивна конотација.

Dendi dali postoi denes i kako da go prepoznaeme 03

Идеалното време за создавање на дендизмот е времето на општата демократизација во општеството и културата. Во таквите услови дендизмот претставува револт и социјален скандал.

Заедно со боемијата, дендизмот е реакција на буржоанскиот морал и каков било вид на духовен кукавичлук и колективизам.

Денди е:

Денди е некој кој има силна стоичка самодоверба, неговите ставови и мислења се кратки, но остри и доследни.

Според денешните зборови, денди мора секогаш да биде „кул“.

Денди се одликува со одлично образование и интелектуална супериорност.

Денди од себе создава идол, а од својот естетски хедонизам создава своја религија.

Dendi dali postoi denes i kako da go prepoznaeme 02

Според Бодлер, денди треба да живее и да умре пред огледалото.

Денди е скептичен и циничен. Цинизам е форма на интелектуалниот дендизам.

Денди е оној кој изненадува, но никогаш не е изненаден.

Додека поимот денди порано бил поврзуван со модните трендови, денес следењето на модата не е знак на екстравагантност. Дендизмот не може да постои во толпата, денди е нешто ексклузивно, нешто што се постигнува и добива со нагласување на извонредноста.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg