Апсинт и уметност: Како „Зелената самовила“ стана најпознатиот пијалак на уметниците?
Сигурно сте слушнале дека апсинтот редовно ги инспирирал големите уметници во изминатите 150 години. Овој легендарен, ароматичен пијалак, измислен во 18-тиот век, стана симбол на декаденцијата.
Тешко е да се нагласи културното влијание на овој пијалак, па дури и да му се најде еквивалентнтот во модерното време. Прочитајте ја приказната за апсинтот, т.н. „Зелена самовила“ и дознајте зошто стана најпознатиот пијалак на уметниците.
Апсинтот се наметнува како главна муза на уметникот во периодот од 1859 година, кога Едуар Мане со својата слика „Absinthe Drinker“, го шокираше парискиот ликовен салон, до 1914 година, кога Пабло Пикасо ја создаде својата бронзена скулптура „Чаша апсинт“.
За време на „Златното доба“ (La Belle Époque), Зелената самовила (како бил нарекуван поради својата препознатлива боја) бил пијалак кој најмногу го нарачувале писателите и уметниците во Париз.
Популарноста му се зголеми до тој степен што постоеше и термин „зелен час“, кој се однесуваше на пет часот попладне, времето кога сите кафулињата биле исполнети со гости кои пиеле апсинт.
Апсинт ги зајакнувал пријателствата или ги уништувал, предизвикувувал визии и состојби на полусон. Овој пијалак доследно го обликувал симболизмот, надреализмот, модернизмот, импресионизмот, пост-импресионизмот и кубизмот.
Зелениот пијалак не бил многу поразличен од другите лековити билни препарати, како, на пример вермут. Но апсинт не бил препарат, туку аперитив кој можел да предизвика губење на меморија, халуцинации и бизарно однесување.
Новите анализи покажуваат дека содржел тујон во мали количини, поради што апсинтот имал благ психоактивен ефект.
Озлогласените љубители на Зелената самовила биле Рембо, Бодлер, Пол Верлен, Емил Зола, Оскар Вајлд…
Бодлер го пиел измешан со опиум, додека Рембо го комбинирал со хашиш. Во песната „Отров“, од збирката на поемите „Цвеќето на злото“, Бодлер го поставува апсинтот над виното и опиумот на листата на омилените книжевни пороци.
Во 1915 година овој пијалак поради своите психотични нуспојави, бил забранет во Франција, Швајцарија, САД, како и во повеќето европски земји.
Во поголемиот дел од 20-от век, Зелената самовила го изгубила своето значење за уметничката и културната заедница и набрзо е заменета со модерни коктели, мартини и дрога.
Се чини дека Зелената самовила денес е само културен симбол и состојка на бројни рецепти за коктели.
Како што една капка апсинт на коктелот му дава посебен вкус, така секое споменување на Зелената самовила, во контекст на книжевност, придонесува кон атмосферата, служејќи како потсетник на провокативните писатели на Златното доба, кои ги рушеле нормите на општеството.
Ашера | Црнобело