Проект 404, операција Валкира: Најчуваните тајни воени операции од историјата

Многу различни настани завршиле на поинаков начин поради строго чуваните тајни операции, кои често биле водени од тајните организации на различни влади.

Ova-se-Najcuvanite-voeni-tajni-operacii-vo-istorijata-01.jpg

Како резултат на таквите тајни операции се случувале многу неправди, убиства, промени во државната власт, додека сè било скриено од очите на пошироката јавност.

Некои од овие тајни операции се откриени, а ова се некои од најстрого чуваните тајни во историјата на војувањето и тајните операции.

Проект Iceworm

Понекогаш историјата може да биде почудна од научната фантастика. По воената окупација, „Camp Century“ е трансформиран во голем замрзнат нуклеарен силос. Тука требало да се складираат 600 нуклеарни проектили. Тајниот проект на САД, кој се водел за време на Студената војна, бил наречен „Project Iceworm“.

За време на проектот требало да се изгради мрежа на мобилни нуклеарни лансирни рампи под Гренланд. Главната задача била поставување на ракета со среден дострел под мразот, доволно блиску да ги погоди целите во Советскиот Сојуз.

После истражувањето на локацијата констатирано е дека условите се многу нестабилни, по што проектот бил запрен во 1966 година. Деталите за оваа тајна мисија биле чувани од очите на јавноста со децении, а првите податоци излегуваат во 1995 година, што предизвика политички скандал.

Ova se Najcuvanite voeni tajni operacii vo istorijata 02

Операција Спајалица

По завршувањето на Втората светска војна, американските разузнавачки служби ја започнале операцијата „Paperclip“. За време на операцијата требало да се „регрутираат“ најдобрите нацистички научници за да работат во САД. Операцијата помина добро.

Операција Антропоид

Операција „Антропоид“ била кодно име за атентатот на нацистичкиот офицер, Рајнхард Хајдрих (Прашкиот месар). Операцијата е извршена во Прага на 27 мај, 1942 година. Иако бил само ранет по атентатот, Хајдрих почина во 1942 година.

Неговата смрт донесе голема одмазда од страна на германските војници, кои ги уништувале селата и ги убивале цивилите.

Операција Валкира

Со операција Валкира германската војска, во Втората светска војна, требала да ги даде сите воени дозволи на воените резерви. Германските офицери, генералот Фридрих Олбрих, Хенинг фон Тресков и Клаус фон Штауфенберг, малку го промениле планот за окупирање на германските градови.

Смртта на Хитлер бил единствениот начин на кој војниците би почнале да ја игнорираат својата заклетва. По долги и тешки подготовки, атентатот е неуспешно извршен во 1944 година.

Ova se Najcuvanite voeni tajni operacii vo istorijata 03

Проект 404

Проект 404 било кодното име за тајните летови на американските воздухопловни сили до Лаос, кон крајот на Виетнамската војна. Целта на оваа тајна операција била да ги транспортира авионските техничари за да ги обучуваат припадниците на кралските воздухопловни сили во Лаос.

Програма Феникс

ЦИА, американските специјалисти, австралиската армија и безбедносните сили од Виетнам заеднички ја започнале програмата Феникс. Целта на програмата била да ги неутрализира единиците на Виетконг.

Но наместо да ја уништат армијата тие почнале да ги киднапираат цивилите за да „извлечат“ информации од нив. Повеќето цивили, осомничени за соработка со Виетконг, биле киднапирани, мачени и убиени.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg