Гај Фокс - Човекот зад симболот на современиот бунт

Речиси е невозможно да се замисли политички протест денес без карактеристичната бела маска, која стана симбол на современиот бунт. 

Gaj Foks Covekot zad simbolot na sovremeniot bunt 01

Таа е, исто така, и симбол на Анонимуси, децентрализирана мрежа на активисти и хакери кои се залагаат за слобода на интернетот.

Маската, која стана симбол на современата револуција, го претставува лицето на Гај Фокс, членот на католичките екстремисти кои во 1605 година сакале да ја урнат протестантската власт во Англија.

Кој, всушност, бил Гај Фокс и зошто токму неговото лице било инспирација за познатата маска?

Гај Фокс е роден на 13 април во 1570 година во Јоркшир. Тој бил еден од четирите деца на Едвард Фокс и неговата сопруга Едит. Фокс е израснат во католичка средина во протестантската Англија.

На возраст од 21 година го продава имотот и патува во Европа да се бори за католичка Шпанија. Во 1603 станува воен капетан и го менува името во Гвидо. За време на својата долгогодишна воена служба тој добива значително искуство при ракувањето со експлозив.

Фокс потоа станува член на организација (Барутен заговор) која сака да го крене во воздух Парламентот. За остварување на овој план требало да се иксористат 36 буриња полни со барут, кои биле сместени во подрумот на Домот на лордовите.

Gaj Foks Covekot zad simbolot na sovremeniot bunt 04

Овој план не успеа, бидејќи еден од членовите на организацијата испратил анонимно писмо во кое зборува за нивниот план. Писмото паѓа во рацете на кралот, а заговорниците се уапсени.

Иако Гај Фокс не е ниту иницијатор, ниту еден од главните организатори на заговорот, неговото име станува легендарен симбол на Барутниот заговорот.

По апсењето, Фокс бил подложен на разни мачења. Тортурата била технички нелегална, но Џејмс I (тогашниот крал) лично издал дозвола за мачење. Фокс бил мачен два дена пред да признае сè.

Gaj Foks Covekot zad simbolot na sovremeniot bunt 03

Откако се изјасни за виновен, Фокс беше осуден на смртна казна: бесење и осакатување на телото. Тој успеал да скокне од бесилката и да си го скрши вратот, со што се спаси од свирепо убиство.

Со текот на времето легендата за Фокс стануваше сè повеќе популарна, а во 19-от век неговиот портрет се поставувал над големите огнови кои се палеле секоја година во спомен на неговиот неуспех.

Гај Фокс стана познат низ целиот свет после популарниот графички роман „V for Vendetta“, во кој главниот лик се облекува како Фокс и се бори против измислената влада во дистописката Англија.

Gaj Foks Covekot zad simbolot na sovremeniot bunt 02

По појавувањето на интернетските форуми, маската на лицето на Фокс стана симбол на многу антивладини групи ширум светот, а стана и меѓународен симбол на современиот бунт.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg