Темното минато на проколнатиот чешки замок Хоуска, под кој се крие портата на пеколот

Замокот Хоуска делува како секој друг средновековен замок. Има ненаметлива фасада и покрив разјаден од забот на времето, а се наоѓа во Судети, Чешка, опкружен со густа шума. 

Temnoto minato na prokolnatiot ceski zamok Houska 01

Сепак, Хоуска е сè само не обичен замок. Околу него веќе долго време кружат легенди поради кои стана позната туристичка дестинација. Кои тајни ги крие овој ненаметлив чешки замок и зошто се верува дека ја чува портата на пеколот?

Легендата вели дека пред да се подигне замокот во 13 век, низ небото летале чудни суштества, полу-луѓе, полу-животни. Во текот на ноќта во околните шуми необичните животни оставале зад себе крвави траги. Луѓето веруваа дека ова се случува поради длабоката провалија во замокот, која делуваше како да нема дно. Тука се роди приказната за подземниот свет и директната врска со пеколот.

До ова место ги носеле затворениците на кои им бил даден избор: или ќе бидат фрлени во бездната, или ќе ја истражат дупката, спуштени со јаже. Еден затвореник се согласи да ја „истражи“ дупката, но веднаш штом почнаа да го спуштаат долу, тој почна да вреска.

Кога го извадија неговата коса беше побелена, а лицето расфрлано со брчки. Набргу потоа умрел „под нејасни околности“.

Локалната приказна за демоните е проширена и со фактот дека замокот го граделе затвореници осудени на смрт. Голем дел од нив страдале за време на изградбата, а веројатно биле убиени од самите чувари кога повеќе не биле корисни.

Замокот Хоуска е подигнат да се запечатат „портите на пеколот“. Во дворот се наоѓа капела на две нивоа, наводно лоцирана веднаш над портите на пеколот. По изградбата на замокот, никој нема видно чудовиште во околината. Се тврдеше дека масивните основи на замокот ги спречиле демоните да влезат во нашиот свет.

Temnoto minato na prokolnatiot ceski zamok Houska 02

Ова е интересна приказна, иако истата постои во многу варијанти низ светот, што нé тера да се запрашаме дали приказните за замокот Хоуска се вистинити? Дали е овој средновековен чувар дом на некој вид на транс-димензионален портал?

Во близина на замокот нема извор на вода, нема утврди, нема патишта и речиси никој не престојувал во него. Се чини дека местото е изградено и купено без желба да се живее во него. Замокот има и голем број на прозорци, но поради некоја причина повеќето од нив се лажни.

Друг интересен факт е дека фреските на ѕидовите на капелата се едни од најстарите во Европа. Овие фрески покажуваат слики на Свети Михаил кој се бори со змејот и други традиционални слики.

Она што е чудно е што на една фреска е прикажана фигура на кентаур кој држи лак во десна рака и стрела во лева рака. Ова е необично од две причини, прво, невообичаено е на црковна фреска да има приказ на паганско суштество, во овој случај кентаур, второ, се работи за левак и женско суштество.

Temnoto minato na prokolnatiot ceski zamok Houska 04

Оваа фреска е единствена таква слика во Европа. Во средниот век леваците биле споредувани со Сатаната, а истражувачите веруваат дека оваа слика е поврзана со приказните за суштествата кои излегуваат низ „вратата на пеколот“.

Луѓето кои престојувале во замокот велат дека слушале чудни звуци од подот, како врескање и гребење. Другите, пак, велат дека виделе чудно суштество кое изгледа како мешавина помеѓу човек, жаба и булдог, како шета низ ходниците на замокот.

Секако, низ замокот шетаат и „обични“ духови. Чуварите велат дека безглавите сеништа често минуваат низ дворот. Еден човек има видено две безлични човечки сенки како се приближуваат кон него. На третиот кат наводно престојува дух на убава жена во бел фустан која често гледа низ прозорецот.

Temnoto minato na prokolnatiot ceski zamok Houska 03

За време на Втората светска војна и Германците останувале во овој замок, но не постојат записи за тоа што правеле таму. Ако е познато дека замокот нема стратешко значење и дека е далеку од сите патишта, тогаш точната причина за престојот на војниците останува непозната.

Екипата на TV Ghost Hunters International Team дојде во Замокот Хоуска во 2009 година да го спроведе своето истражување за паранормалното. После 3 дена престојување во замокот заклучиле дека истиот е дефинитивно проколнат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg