Животот во голем град

prednosti-i-nedostatoci-na-zivotot-vo-golem-grad-povekjeЖивеете во бетонска џунгла? Што мислите, ќе имате добро здравје, или не? Што всушност значи да се живее во урбана средина? Кои се позитивните и...

 

...негативните влијанија врз вашето ментално и телесно здравје?

1. Градски превоз.

prednosti-i-nedostatoci-na-zivotot-vo-golem-grad-1

Плус и минус: Седиштата во автобусите и трамваите привлекуваат и ја задржуваат нечистотијата, а држачите за раце сигурно не ги дезинфицираат секој час. Поголем број од големите градови се загадени така што движењето на отворено со велосипед – во суштина е штетно.

Секако, со прошетка од еден час можете да потрошите и до 200 калории и возењето велосипед е одличен начин да стигнете на работа, но...

Решение: Носете заштитна маска кога сте на велосипед, движете се во пределите каде има помалку возила. Со себе носете дезинфекциски марамчиња за да си ги бришете рацете после возење со јавен превоз.

2. Фитнес.

Плус и минус: Најчесто, стануваме од кревет и одиме веднаш под туш брзајќи на работа. Секогаш сме во брзање, но тоа не значи дека се движиме активно. Уште ако работното место ни е подалеку, немаме време ни за туш!

Решение: Станете порано. Појадувајте. Одете пеш до работа (барем дел од рутата). Наместо со лифт одете по скали. На работа, подобро прошетајте до кај колегата во другата канцеларија, отколку да му праќате мејл.

prednosti-i-nedostatoci-na-zivotot-vo-golem-grad-23. Бука.

Плус и минус: Градовите се ретко тивки, па дури и доцна во ноќта. Автомобили, сирени, автобуси, пијаници... секогаш има галама.

Вистина е дека ако ви затреба нешто во текот на ноќта, на пример во 3 по полноќ секогаш имате каде да купите (со чесни исклучоци – за пример е Виена, каде ништо не работи по полноќ). Но, тешко веројатно е дека ќе се наспиете.

Решение: Ставете слушалки на уши и пуштете си музика која ќе ви помогне да заспиете. Или, изморете се доволно, за да не ја перцепирате буката од надвор.

4. Шетање.

Плус и минус: Во големите градови секогаш имате каде да прошетате, а да не се движите постојано на истите места. Мала е веројатноста дека ќе ги гледате истите лица насекаде (за промена).

5. Дружење, излегување, настани.

Плус и минус: дружбите се малку потешки во поголемите градови, но затоа барем еднаш во месецот може да посетите уникатен настан – концерт, изложби, журки, настапи на светски ди-џеи – да ви штукне умот од избор.

Би можело да ве интересира:

Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Докторка од САД мами воздишки со мускулестото тело: „Некои ме критикуваат, но не ги слушам“ Честопати добива коментари дека не е примерно докторка да изгледа вака, но Стејс...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Никола Тесла, принцот Вилијам - Денес е ден на левучарите + зошто се овие луѓе посебни Официјалните податоци покажуваат дека меѓу 10 и 12% од светското население се ле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg