Никола Тесла, принцот Вилијам - Денес е ден на левучарите + зошто се овие луѓе посебни
Официјалните податоци покажуваат дека меѓу 10% и 12% од светското население се левучари, а својот посебен ден го слават денес - 13 август.
13 август од 1976 година се одбележува како светски ден на левучарите.
Целта на овој датум е да се крене свеста на луѓето за предизвиците со кои левучарите се соочуваат секојдневно, во светот кој е повеќе приспособен за луѓето кои пишуваат и полесно функционираат со десната рака.
Официјалните податоци покажуваат дека меѓу 10% и 12% од светското население се левучари.
А меѓу нив е и нашиот композитор Лазар Цветкоски, но и Никола Тесла, Барак Обама, Чарли Чаплин, Рафаел Надал, Анџелина Џоли, принцот Вилијам, Алберт Ајнштајн, Леонардо да Винчи, Пабло Пикасо, Бил Гејтс, Опра Винфри и други.
Што ги прави левучарите посебни?
Мозокот на левучарите функционира поинаку од мозокот на десничарите.
Кај овие луѓе постои можност да се развие посилна поврзаност помеѓу двете мозочни хемисфери (левата и десната), а тоа влијае позитивно на нивната креативност, способноста за решавање на проблемите и пристапот кон информациите.
Некои испитувања покажале дека левучарите побрзо и полесно се опоравуваат по срцев удар, споредено со десничарите, но и дека подобро им оди мултитаскингот (правење две или повеќе работи одеднаш).
Многу левучари се познати по своите уметнички и креативни склоности, па тие често се занимаваат со музика, сликарство или пишување.
Интересно е што, во светот има повеќе жени што пишуваат со лева рака, отколку мажи.
А. Ј. | Црнобело