5 нешта што ви е страв да ги направите сами за првпат, но не треба да ви биде

Кога сме деца, сакаме да пораснеме, несвесни дека да се биде возрасен е многу одговорна работа.

5-neshta-shto-vi-e-strav-da-gi-napravite-sami-za-prvpat-no-ne-treba-da-vi-bide-01.jpg

Но, кога еднаш ќе дојдете до моментот да треба самите да се снајдете извесен период во домот, тогаш сфаќате дека ви е потребен вашиот татко за да ја престегнете чешмата која капе и вашата мајка, за да бидете сигурни дека она што сте го подготвиле може да се јаде.

Сепак, еден ден, некои нешта ќе треба да ги направите сами и ќе сфатите дека тоа и не е така лошо:

Јадење во ресторан

Иако ви се чини непоимливо да седнете сами да пиете кафе или да јадете во ресторан, во тоа нема ништо чудно. Обидете се, експериментирајте со храна која не сте ја пробале и уживајте во нејзиниот вкус, сконцентрирани само на тоа да се најадете, а не да разговарате и да го проверувате телефонот.

5-neshta-shto-vi-e-strav-da-gi-napravite-sami-za-prvpat-no-ne-treba-da-vi-bide-03.jpg

Летајте со авион сами

Направете сами сè од почеток. Отидете до аеродромот со такси или нека ве префрли пријател, а потоа, откако ќе влезете, започнете го целиот процес сами. Целиот процес на патување сами ќе ве направи горди на себе и ќе ве смири.

Излезете во кино

Апсолутно нема потреба цела толпа да оди во кино за да изгледа филм. Ако не можете да се координирате со желбите и времето, тогаш отидете сами. Ќе уживате во филмот повеќе од што можете да претпоставите.

5-neshta-shto-vi-e-strav-da-gi-napravite-sami-za-prvpat-no-ne-treba-da-vi-bide-02.jpg

Истражете нов град

Малку посериозен чекор од јадењето сами или одењето сами во кино, но не е неизводлив. Возрасна личност сте, имате пасош, имате право на одмор... Искористете го тоа и истражете нов град сами. Може да биде место кое веќе сте го посетиле, но сакате да се вратите, а може да биде и сосема нова дестинација.

Живејте сами

Живеењето сами звучи доста застрашувачки, но не е така. Всушност, во тој период ќе научите да бидете одговорни и ќе ја сфатите важноста на навремено измиените садови, покриените трошоци и времето кое можете да си го посветите сами на себе.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg