Зошто плачеме?
Напнатоста доведува до емоционални солзи. Во 1980-та др. Вилијам Феј, востановил дека рефлексните солзи се состојат од 98% вода, додека емоционалните...
...солзи се полни со хормонот на стресот – пролактин.
Постојат два главни причинители на емоционални солзи: екстремни емоции и сигнал за опасност и неволји од сите видови.
При емоционалните солзи се ослободува хормонот на стресот и на тој начин се ослободуваме од психолошката напнатост. Емоциите може да бидат: страв, среќа, шок, болка, тага – и ова се реакции кои тешко се контролираат, посебно кога станува збор за силни емоции.
Низ плачењето се ослободува и ендорфин: “тоа е истиот хормон кој се ослободува и за време на секс или вежбање: сега е појасно зошто некои луѓе плачат после оргазам“ – вели Феј.
Плачеме и од среќа, од смеа, заради олеснување и останати интензивни емоции кои сме способни да ги доживееме.
Ако видите дека некој плаче, најчесто кај вас се будат заштитнички инстинкти. Желба да помогнеме, да заштитиме некого или да го утешиме.
Кои се предностите на плачењето:
1. Го намалува стресот. Важна биолошка реакција, затоа што откако ќе се исплачеме се чувствуваме многу подобро и поопуштено.
2. Плачењето е заштитен инстинкт и сигнал кој не предупредува на неволја, опасност или незгода во нашата околина.
Три видови солзи:
1. Рефлексни. Ги штитат очите од иритација и страни тела (мушички, прашини).
2. Емоционални. Психолошка реакција која наводно е единствена само за луѓето.
3. Постојани – задолжени да ги влажнат очите.