Како да се чувствувате помладо во само три чекори?
Чувствувајте се помладо во само три чекори: бидете позитивни, чекорете назад во времето и легнувајте порано.
Како да зрачите со енергија и да се чувствувате помладо?
Бидете позитивни
Нормално е да се чувствувате полошо со текот на времето, бидејќи светот може да биде сурово место. Затоа е важно да бидете позитивни.
Ова не значи дека треба да ги игнорирате непријатните работи кои се случуваат, туку да научите да се фокусирате на она што е добро. Растот на оптимизмот ќе ви даде попозитивна енергија, која ќе ве мотивира да ги направите работите за кои инаку би се двоумеле.
Зачекорете назад во времето
Дали сакавте одредена музика додека студиравте? Слушајте ги старите песни кои ги сакавте како деца или тинејџери. Можеби оваа носталгија ќе ве натера да се почувствувате старо, но истражувањата покажуваат дека ова може да има токму спротивен ефект.
Според овие истражувања луѓето кои живееле во средина, која личела на онаа од нивната младост (со филмови, музика и сувенири од минатото), доживеале подобрувања во меморијата, животот, среќата и здравјето. Ова докажува дека состојбата на нашиот ум е она што не ограничува.
Легнувајте порано
Доволна количина на одмор е наједноставниот начин да се почувствувате помладо. Единственото време кога вашето тело навистина може да закрепне е додека спиете.
Легнувајте доволно рано и одморајте најмалку 8 часа. Доколку ова ви стане навика, веднаш ќе ја почувствувате разликата.
Ашера | Црнобело