„Не, не се чувствувајте како дома“: 8 бонтон правила за кога сте на гости
Не ја сфаќајте пресериозно изјавата од домаќините „Чувствувај се како дома“. Не смеете да ги ставате нозете на мебелот или да го отворате фрижидерот и сами да си вадите работи.
Во Македонија, иако послабо од порано, за среќа сè уште се негува навиката на одење по гости.
Но, дали ги знаете бонтон правилата кои треба да ги почитувате кога одите во туѓ дом?
Запомнете ги добро:
Работите кои не смеете да ги правите на гости:
Допирање и преместување работи
Не ја сфаќајте пресериозно изјавата од домаќините „Чувствувај се како дома“.
Не смеете да ги ставате нозете на мебелот или да го отворате фрижидерот и сами да си вадите работи, исто така прашајте пред да допрете или поместите книга од полицата.
Очекување на тура низ сите соби од домот
Почекајте домаќинот сам да ве покани да ви ја покаже спалната соба или други делови од домот. Не одете наоколу сами да разгледувате, освен ако тој не ве покани.
Останување предолго
Мора секогаш да знаете кога треба да заминете. Седењето предолго на гостите е една од работите кои најмногу им пречат на гостите.
Во ред е што уживате, но обрнете внимание на говорот на телото на домаќините, дали им се спие или можеби дури на шега велат дека е време за пижами.
Криење на нередот што сте го направиле
Ако случајно сте истуриле вино на тепихот или сте ја скршиле ламбата, не смеете да криете, известете ги домаќините веднаш.
Ѕиркање во плакарчињата
Во ред е што сте љубопитни, но навистина нема потреба да отворате во плакарчињата на домаќините. Иако гледаме такви сцени во холивудските филмови, не е културно.
Носење непоканет придружник
Домаќините можеби го сакаат вашиот братучед, но тоа не значи дека сакаат да им дојде во домот. Пред да донесете кого било, мора прво да прашате.
Непочитување на правилото за соблекување на чевли
Повеќето домаќини не сакаат во домот да им внесете нечистотии и бактерии, па оставете ги чевлите во ходникот и прифатете ги нивните влечки за гости.
Прередување на работите на масата
Домаќините вложиле време и труд за да ја уредат масата, па почитувајте го тоа и не преместувајте според вашата естетска замисла.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com