Правете го ова еднаш месечно
Секојдневно се среќаваме со многу предизвици, дали поголеми или помали, често знаат да не исцрпат. Во овие времиња кога секогаш ни се брза да ги...
...завршиме работите и да го заокружиме денот со успех, забораваме на едноставните работи кои не окружуваат.
1. Дозволете си тишина. Барем за момент. Рефлектирајте ги работите кои ви се случуваат. Семејството, пријатели, покривот над глава и топлата облека. Бидете благодарни што ги имате.
2. Имајте ден за себе. Барем еднаш во месецот за своја душа одвојте време за себе. Направете ги работите за кои немате време вообичаено. Читајте, играјте, прошетајте.
3. Гледајте го изгрејсонцето или зајдисонцето. Неверојатна убавина.
4. Јадете банана сплит. Или нешто слатко кое ви прави мерак. Уживајте во храната.
5. Одете на масажа. Најдобриот лек за уморно тело.
6. Прочитајте добра книга. Не само што го збогатува умот, ја вежба и вашата имагинација.
7. Пишете му или јавете му се на пријател со кој не сте контактирале долго време – ова ќе ве израдува обајцата.
8. Направете добро за околината. Донирајте стари алишта. Чистете во паркот. Помогнете на постарите и изнемоштените. Среќните лица се лек за душата.
Работата не е најважно нешто во животот. Посветете внимание на малите нешта!