Бон тон правила за однесување во кино: Дали и вие припаѓате во „некултурните“?

Иако сите знаат дека е некултурно да зборувате со оној до вас, или пак со некој на телефон додека сте во кино, сепак не сите се грижат за тоа како им е на оние во околината.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-01.jpg

Колку пати се случило кога ќе отидете во кино, пред вас да седи некој 2 глави повисок и да сфатите дека за џабе сте платиле карта или да се „искривите“ обидувајќи се да гледате во платното?

Многу луѓе ја немаат таа „основна култура“ и прават работи за кои мислат дека се ситници и дека на никој не му смета, или пак дека тоа не ги прави некултурни.

Сепак, токму тогаш ја покажувате својата култура, па затоа очигледно треба многумина да се потсетат на основните бон тон правила за однесување во кино или театар.

Сите ги знаат, но никој не ги почитува – кои се правилата?

1. Доаѓаjте навреме, односно пред филмот да почне за да не ги прекинувате другите кои веќе го гледаат со станување за да дојдете до вашето место.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-02.jpg

2. Ако некој ја има потпрено раката на потпирачот до вас, не треба да се буткате, туку почекајте да ја тргне.

3. Не се „влечкајте“ додека сте на каса и не го задржувајте редот зад вас заради вашата неодлучност, искористете го чекањето да одлучите што сакате.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-11.jpg

4. Ако сте повисоки, имајте обѕир за пониските луѓе околу вас и резервирајте седиште во задните редови.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-03.jpg

5. Допишување и гледање во телефон со светлина од екранот која на сите им пречи е строго забрането во бон тон културата, колку и да мислите дека не е страшно.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-04.jpg

6. Зборувањето со тој до вас или на телефон, независно дали е гласно или со шепкање е исто така многу некултурно.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-05.jpg

7. Ако сте од оние кои често имаат потреба за во тоалет, изберете седиште во предните редови блиску до скалите, за да не ги станувате постојано луѓето до вас.

8. Колку и да се слатки бебињата, никој не ги посакува во кино салата, па немојте никогаш да ги носите бидејќи е неблагодарно за останатите, но и за бебето е измачување.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-07.jpg

9. Не носете цел оброк во кино салата – ако сте гладни, јадете пред филмот, а за време на филмот, доволно е да грицкате нешто од она што го нудат во киното, а не да се чувствувате како на трпеза.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-10.jpg

10. И кога ги грицкате дозволените работи, обидете се тоа да го правите што е можно потивко, а не да шушкате со хартиите или да „чматате“.

11. Не се бакнувајте и допирајте со партнерот, бидејќи колку и да не ви е срам вам, создавате непријатна атмосфера во околината, никој не дошол да ја гледа вашата „порно сцена“.  

12. Иако е најлесно да ги оставите кофите и чашите на седиштето, сметајќи дека секако некој ќе помине да среди, културно е да ги земете со вас и да ги фрлите во кантата на излезот.

13. По завршувањето на филмот, обидете се кога ќе излезете од салата да не си ги раскажувате гласно сите сцени, бидејќи можеби ќе откриете некој клучен детаљ на оние кои чекаат да го гледаат во нареден термин.

bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-kino-dali-i-vie-pripagjate-vo-nekulturnite-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg