Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Социопатски техники кои жените ги користат повеќе отколку мажите

По дефиниција, социопатите се луѓе кои се познати по тоа што се подготвени на секаква манипулација, за да можат да го добијат она што го сакаат.

sociopatski-tehniki-koi-zhenite-gi-koristat-povekje-otkolku-mazhite-01.jpg

Без разлика дали се мажи или жени, тие имаат недостиг на емпатија и на социјални вештини, а во сè гледаат начин да добијат нешто за себе.

Некогаш навистина не е лесно да се забележи дека некој е социопат, знаејќи го фактот дека тие се околу 4% од вкупното население. Некои од социопатските техники кои тие ги користат се позастапени кај жените социопати отколку кај мажите.

Ова се најчестите техники кои жените социопати ги користат:

Рушење на нечија репутација

За да можат полесно да дојдат до она што го сакаат, тие се подготвени да ги срушат кредибилитетот и репутацијата на оној кој им стои на патот.

Тоа го прават уверливо, со помош на озборувања и измислици, без да покажат нималку агресија. Токму затоа и лесно е да им се поверува.

sociopatski-tehniki-koi-zhenite-gi-koristat-povekje-otkolku-mazhite-03.jpg

Се закануваат дека ќе си наштетат себе

Повторно, ова не го прават директно, туку спротивната страна ќе го сфати тоа од нивните постапки или излагања. Ќе глумат дека се поранливи отколку што сè, така што на другиот ќе му биде страв да не им ја задоволи желбата.

Лажење со предумисла

Нивните лаги се толку добро смислени што дури и кога сте свесни дека не се вистина, тешко ќе можете да го докажете тоа. Тие ги земаат предвид сите можни докази што можат да им се испречат на патот и врз основа на сè останато, создаваат приказна со која ги манипулираат другите.

Опсипување со љубов и комплименти

Не може да се тврди дека не го мислат тоа, но и сигурно е дека не ги кажуваат тие нешта само затоа што сакаат да ги кажат. Жените лесно ги користат своите емоции за да ги манипулираат другите, во своја корист.

sociopatski-tehniki-koi-zhenite-gi-koristat-povekje-otkolku-mazhite-05.jpg

Претерано се грижат за личноста која е нивна цел

Жените може да бидат вистински лидери на деструктивен култ и да се скријат зад природната грижливост и мајчинската наклонетост. Жените-социопати го можат токму тоа.

Глумат дека се жртви

И успеваат во тоа. Тие се како камелеони и лесно се претопуваат во улогата на жртва во секоја ситуација која не им се допаѓа. Внимателно со таквите!

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg