Што сè можете да направите ако плановите за вечерното излегување се откажат во „5 до 12“?
Можеби чекавте викенд со нетрпение, но кога конечно ќе стигне, некако не сте баш расположени, а и пријателите еден по еден почнуваат да се откажуваат од планот.
Сега се најдовте во ситуација во која не знаете како да направите реорганизација на ноќта, а веќе е предоцна да правите други договори.
Сепак, не е крај на светот и можете да се посветите на многу други нешта кои можеби не се толку забавни и возбудливи, а ќе ви помогнат да не ви биде здодевно.
Еве што сè можете да правите во ваква ситуација:
1. Да изгледате што повеќе епизоди од серијата за која немавте време изминатиот период.
2. Домашен спа-третман, од педикир, па сè до маска за лице и максимално релаксирање.
3. Да вежбате малку, било дома или во фитнес-центар, затоа што конечно имате неколку часа за себе.
4. Разместете го мебелот и украсите во домот за нов изглед, доколку ви здодеал постоечкиот.
5. Бидете креативни и посветете се на некој „направи сам“ проект.
6. Средете го плакарот со облека, а можете дури и да си направите мало модно шоу за себе.
7. Обидете се да примените некои од научените техники од мејкап туторијалите.
8. Посетете музеј или изложба, некаде каде можете да отидете сами.
9. Покријте се со омиленото ќебе и изгубете се низ страниците на некоја романтична книга.
10. Испробајте нов рецепт што сте го нашле на социјалните мрежи.
11. Отидете во кино сами и изедете колку што сакате пуканки, гледајќи го филмот што не би сакале да признаете дека го сакате.
Е. Д. | Црнобело