Детски прашања чиишто одговори не ги знаат ниту возрасните
Уште од детството нè мачат безброј прашања. Одговорите на некои од нив сме ги дознале со текот на времето, но некои прашања сè уште нè оставаат во прашалници.
Откријте ги одговорите на дел од нив и бидете подготвени следниот пат кога вашите деца ќе ве запрашаат нешто интересно, како на пример:
Зошто инсектите летаат кон светлото?
Летот на инсектите кон нивната смрт, пржењето на светилката, сè уште не е 100% разјаснет.
На инсектите им е потребна светлината како патоказ, односно без неа не можат да ги распознаат предметите во просторот, па затоа и не летаат во темница. Така, штом ќе здогледаат светлина, тие веднаш почнуваат да летаат кон неа.
Зошто годината има 365 дена?
Всушност годината има приближно 365,256 денови. За да ја добиеме оваа бројка, треба да се подели времето кое ѝ е потребно на земјата да направи една ротација околу сонцето со времето кое ѝ е потребно на земјата да направи една ротација околу својата оска.
Патем, научниците веруваат дека календарската година со текот на времето се скратува. Студиите на фосилни корали ги наведува да веруваат дека пред 380 милиони години, годината имала 400 денови.
Зошто косата не може да биде природно зелена или сина?
Бојата на косата зависи од соодносот на две бои базирани на природните пигменти меланин - еумеланин (црна или кафеава) и феномеланин (жолта или црвена). Бојата на косата зависи од нивниот сооднос. Сината и зелената не може да се добијат од оваа мешавина на бои.
Зошто никогаш не гледаме мали гулаби?
Гулабите поминуваат многу време во гнездата и ги напуштаат дури кога се целосно пораснати. Затоа кога ги гледаме не можеме да ги разликуваме од другите возрасни гулаби и мислиме дека сите се иста старост.
Зошто дрвјата не мрзнат во зима?
Дрвјата го избегнуваат мрзнењето бидејќи во нивното ткиво и кора акумулираат шеќер, а шеќерот го штити дрвото од загубата на вода, а со тоа и од распаѓање на протеините.
Клетките на дрвјата коишто немаат доволно шеќери во себе ќе замрзнат и ќе кристализираат, протеините ќе почнат да се распаѓаат и дрвото ќе се исуши.