Детски прашања чиишто одговори не ги знаат ниту возрасните
Зошто ајкулата „Чекан“ има таква форма на главата?
Ајкулата чекан се храни со ражи коишто имаат отровен бодеж во опашката. Ајкулата не се плаши од убодот, бидејќи има природен имунитет на невротоксини, но доколку биде прободена во окото и ослепи, тоа ќе значи смрт за неа.
Со текот на времето еволуцијата го приспособила телото на овој вид на ајкула за да може да бидат заштитени виталните органи, очите.
Зошто се тресеме кога ни е ладно?
Телото го користи тресењето како начин да ги активира мускулите, односно да ја стопли крвта со помош на мускулите коишто постојано се грчат и опуштаат кога ни е ладно.
Зошто очите на мачките светат во темница?
Кај многу видови на животни, очите се адаптирани да ја фатат и најмалата светлина за да можат да гледаат и во најслабото светло. Оваа слаба светлина се рефлектира од задниот дел на окото и затоа се јавува тој одблесок во очите кај мачките.
Зошто пајакот не се заплеткува во сопствената мрежа?
Во пајаковата мрежа има два типа на конец. Едниот тип е мазен и е поставен радијално, а другиот тип е леплив и е поставен концентрично. Пајакот секогаш се движи само по радијалниот конец.
Зошто некои краставици се горчливи?
Предокот на сегашната краставица растел во сенката на тропските дождовни шуми и имал малку благ вкус.
Регионот во којшто сега се одгледува краставицата е сончев и краставицата како резултат на тоа произведува повеќе од супстанцата кукурбитацин којашто е горчлива. Значи колку повеќе сонце ќе ја фати краставицата, толку погорчлива таа ќе биде.
(О)Милена | Црнобело