Г-ца „Зафатена“
“И кога ќе се омажиш“ – прашањето кое го поставуваат стрините и тетките на секој фамилијарен собир. Напорни се особено кога ќе се најдете на...
...некоја свадба па мора постојано да слушате „И на ваша глава“, „Ајде веќе време ти е“.
Е, сега може да си купите сопствен веренички прстен. Да - убаво прочитавте. Што нема да измислат?!
На место да објаснувате на сите како не размислувате на венчање, или има време, едноставно појавете се со лажен веренички прстен.
Тој ќе ви се најде посебно во ситуација кога ве замараат напорни дечки. Да, тоа го ветува „Ms. Taken“.
Фирмата која се одлучила да заработи на женското „не“ на мажачката, објаснува дека секоја жена треба дама да одлучи со кој ќе зборува и со кој ќе флертува, а најдобро ќе се ослободи од непријатните понуди со помош на овој веренички прстен.
Идеален е за девојки кои сакаат да се забавуваат, конобарки, љубителки на теретана и останатите девојки кои сакаат брзо да се ослободат од мажи кои навалуваат.
Мислите дека ова е ефикасно решение?