Теории на заговор кои се покажале како точни

Голем број теории на заговор се покажале како лажни и невистинити, но некогаш реалноста може да биде навистина филмска.

teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-tochni-01.jpg

Иако теориите за рамната Земја или вонземското потекло на кралицата Елизабета се покажале како невистинити, сепак постојат некои кои или се делумно или целосно вистинити.

Еве кои се тие:

1. ЦИА експериментирала со контрола на умот

Во еден период од 50-тите и 60-тите години, ЦИА навистина експериментирале со психолошко мачење и терапии со електрошокови. Ова е обелоденето во 70-тите.

Биле извшени повеќе од 150 експерименти врз граѓани кои не биле свесни за тоа. Овој проект е наречен „МК Ултра“ и постојат реални записи и докази дека се случувал.

teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-tochni-02.jpg

2. Јавноста била намерно доведена во заблуда за штетноста на цигарите

Денеска сите знаеме дека цигарите го зголемуваат ризикот од срцев удар, неплодност, рак, мозочен удар и низа други болести.

Во почетокот, тутунската индустрија била еден од најголемите клиенти на маркетинг агенциите, па затоа нивните реклами зафаќале билборди, цели страници во весник и добивале многу време на ТВ-екраните. Така, луѓето биле доведени до заблуда дека цигарите и не се толку штетни.

3. Владата на САД финансирала истражувања за НЛО

Во периодот меѓу 2008 и 2011 година, САД и Пентагон развиле напредна програма за идентификација на воздушно-вселенски закани. Од буџетот на САД за оваа намена биле издвоени 22 милиони долари. Според резултатите, не е идентификувана никаква закана, но секако, теоретичарите на заговори сметаат дека всушност Американците контактирале со вонземските жители на вселената.

teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-tochni-03.jpg

4. Властите од САД намерно затруле големи количини алкохол

Во 20-тите години на 20-от век, била забранета продажбата на алкохол, но и без тоа оваа нелегална дејност продолжила.

Поради тоа, властите дошле до злобна идеја да ги затрујат нелегалните залихи алкохол. Тие почнале да додаваат жива, бензин, метанол и други супстанци кои предизвикувале сериозни последици по здравјето на луѓето.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лаборат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg