Гинисов рекордер: На 104 години се истетовира, на 105 се возеше на ролеркостер, на 106 на зип линија (видео)
Во свој стил Џек Рејнолдс продолжува да биде еден од најомилените пензионери во светот.
Џек Рејнолдс од Англија е пра-пра-прадедо кој слободно можеме да го прогласиме за една од најинспиративните личности на светот.
Тој постави нов Гинисов рекорд за најстара личност што се возела на зип линија. По прославата на неговиот 106-ти роденден Џек го направи овој храбар потег.
Инаку, Рејнолдс има навика да прави забавни работи за неговите родендени и да си обезбедува место во Гинисовата книга на рекорди. На 104 години тој беше најстарата личност што си стави тетоважа, а на 105 години стана најстарата личност што се возела на ролеркостер.
Публицитетот Џек го користи за да собира средства за хуманитарни цели.
Неговата ќерка Џејн изјави дека му станало традиција да прави забавни активности за неговите родендени и најмногу го радувала мислата што и покрај годините успева да собере пари за хуманитарни цели и да промени нешто во светот.
Неговото спуштање по зип линија:
https://www.youtube.com/watch?v=ZXEz-CADwrY
С. С. | Црнобело