Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 потсетници за миговите кога мислите дека анксиозноста ќе ве надвладее

„Лошите мисли потекнуваат од мојата анксиозност, на безбедно сум“.

6-potsetnici-za-migovite-koga-mislite-deka-anksioznosta-kje-ve-nadvladee-01.jpg

Анксиозноста се карактеризира со негативни мисли над кои немаме контрола, а кои неретко се придружени со непријатни чувства, како страв и загриженост.

Ако страдате од анксиозност, треба да се консултирате со експерт бидејќи постојат секакви третмани за ова нарушување.

А, за миговите кога мислите дека ќе ве надвладее, можеби од помош ќе ви бидат и следниве потсетници:

„Негативните мисли потекнуваат од мојата анксиозност“

Кога сте анксиозни, станете свесни за тој факт.

Потсетете се дека секоја лоша мисла што ви минува низ глава е плод на таа анксиозност и не мора да значи дека е вистинска.

Дури и да си го замислувате најлошото можно сценарио, упорно потсетувајте се дека тоа е поради вашата анксиозност, а не нешто што е реално.

„Можам да бидам анксиозен/на и сепак да завршам со обврските“

Некогаш телото навистина ќе ви бара да оставите сè и да пробате да одморите додека да поминат анксиозните мисли.

И тоа е во ред.

Некогаш, пак, знаете дека можете да продолжите понатаму, и покрај анксиозноста.

Во ваквите мигови, потсетете се дека анксиозноста не може секогаш да ве победи и да ве спречи во намерат да си ги завршите обврските.

Секако, ова нема да биде воопшто лесно, но во повеќето случаи сигурно ќе можете да го изведите.

6-potsetnici-za-migovite-koga-mislite-deka-anksioznosta-kje-ve-nadvladee-02.jpg

„На безбедно сум“

Поради анксиозноста, можно е да заборавите дека всушност не сте изложени на никаква опасност.

Кога мислите ќе ве надвладеат, не заборавајте да се потсетите дека сепак сте на безбедно и дека не се соочувате со никаква реална опасност.

Без разлика што се чувствувате непријатно, никој и ништо не може да ви наштети.

„И претходно сум го преживеал/а ова“

Штом барате совети за анксиозност, веројатно подолг период живеете со оваа состојба.

Што значи, досега сте ги преживеале сите напади и сите напливи на негативни мисли.

Кога ќе помислите дека не можете да се справите со анксиозноста, пробајте да се потсетите дека секојпат досега сте преживеале.

Секако, не било лесно, ниту пријатно, но сте издржале.

6-potsetnici-za-migovite-koga-mislite-deka-anksioznosta-kje-ve-nadvladee-03.jpg

„Јас сум личност која може да понуди многу“

Анксиозноста неретко има влијание врз самодовербата и прави да се плашите од нови луѓе и нови опкружувања.

Уште попроблематично ако имате социјална анксиозност.

Во овој случај веројатно сте премногу загрижени за туѓото мислење и настојувате да се изолирате.

Во ваквите ситуации не заборавајте дека вие сте добра личност која може да понуди многу и дека вашата анксиозност не ве дефинира.

„Не морам да брзам“

Сигурно и самите сте забележале дека кога си создаваат преголем притисок за сè да завршите денес или во нереален рок, анксиозноста ви се влошува.

Затоа, направете си реалистичен план за обврските и потсетете се дека не треба да брзате.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема...
11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg