Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи кои ќе ве разбудат и ќе ви дадат енергија наутро, освен кафе

Кога наутро не се чувствуваме доволно наспани и ни треба повеќе енергија, инстинктивно посегнуваме по кафе.

mozhe-i-bez-kofein-6-neshta-koi-kje-ve-razbudat-i-kje-vi-dadat-energija-nautro-01.jpg

Но, ако сакате да го намалите внесот на кофеин или пак целосно да го исклучите, постојат и други алтернативи како да се будите полесно и да ја обновите енергијата.

Слушајте ја омилената музика

Вашите омилени песни допираат до делови од мозокот кои се одговорни за себе-мотивирање. Со тоа, ќе бидете порасположени и поенергизирани.

Музиката која ја сакате создава чувство на возбуда и удобност и стимулира лачење на ендорфин. За подобра концентрација, преслушајте ја вашата омилена класична композиција.

mozhe-i-bez-kofein-6-neshta-koi-kje-ve-razbudat-i-kje-vi-dadat-energija-nautro-02.jpg

Пијте многу вода

На човечкиот организам му се потребни течности за правилно да функционира, а пред сè потребна му е вода. Секогаш имајте вода во близина, ако треба симнете и апликација која ќе ве потсетува да пиете.

Така ќе спречите и најмала дехидрација, што дополнително ви ја одзема енергијата.

Излезете на свеж воздух

Кога ќе се разбудите наутро, наместо да останете уште пет минути во кревет, излезете на терасата или во дворот и вдишете го утринскиот воздух. Кислородот веднаш ќе го разбуди вашето тело.

mozhe-i-bez-kofein-6-neshta-koi-kje-ve-razbudat-i-kje-vi-dadat-energija-nautro-03.jpg

Дишете длабоко

Веќе одамна е познато дека правилното длабоко дишење ги намалува стресот и анксиозноста. Со ваквиот начин на дишење, го покренувате вашето тело во работна состојба и се чувствувате полни со енергија.

На пат кон работа/факултет/училиште земете гума за џвакање

Гумите за џвакање ја држат вилицата активна, а со тоа и малку по малку, целото тело се буди и ви помага да останете фокусирани на денот пред вас.

mozhe-i-bez-kofein-6-neshta-koi-kje-ve-razbudat-i-kje-vi-dadat-energija-nautro-04.jpg

Оддалечете се од екранот

Ако седите преблиску до екранот, обидете се да се оддалечите најмногу што можете. Близината многу ги изморува очите и добивате впечаток дека ви се спие.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg