20 мали потсетници кои треба да ги прочитаат сите кои се борат да се засакаат себеси повторно
Лошите денови во животот се неизбежни, но важно е секој да научи како да ги остави зад себе.
Кризите со кои секој се соочува во одреден период од животот може да настанат од разни проблеми и разочарувања, но важно е да знаете како повторно да се засакате себеси.
Не треба да се обвинувате за ништо и вреди да најдете начини со кои ќе продолжите понатаму, независно што се случило претходно.
Доколку моментално се наоѓате во таква состојба, немате волја за ништо и не сте задоволни од себеси, овие потсетници ќе ви помогнат да се соочите со реалноста.
Мали потсетници кои вреди да ги прочитате за повторно да се сакате себеси:
1. Заменете ги негативните мисли со позитивни.
2. Вие сте многу повеќе од изгледот на вашето тело.
3. Запомнете дека е во ред да имате некои лоши денови.
4. Оттргнете се од сите токсични луѓе во вашиот живот.
5. Застапувајте ги вашите ставови и не се откажувајте од вашите мислења.
6. Барајте мотивација и водич од експерти.
7. Слушајте го сопственото тело и дајте му го тоа што му треба.
8. Научете да не се чувствувате непријатно независно дали ќе кажете да или не.
9. Танцувајте голи и уживајте во сопственото тело и ум.
10. Напишете листа со вашите најдобри квалитети и потсетете се колку сте добри.
11. Кажувајте си добри работи за себе и верувајте во нив.
12. Бидете среќни и уживајте само во сопственото друштво.
13. Секојдневно одвојувајте малку време за грижа и нега само за себе.
14. Кажувајте им добри и убави работи на другите, но навистина мислете ги.
15. Опкружете се со позитивни, расположени и успешни луѓе кои ќе ве водат во подобра насока.
16. Направете си добар баланс помеѓу работата и приватниот живот за да може да уживате максимално во двете полиња.
17. Сфатете дека вашите недостатоци ве прават тоа што сте и заради нив сте уникатни.
18. Престанете да се споредувате со другите и сакајте се какви што сте.
19. Преземете одговорност за сопствената среќа и не чекајте другите да ја изградат.
20. Верувајте во себеси.
М. М. | Црнобело