Чија е пронајдената бурма во Охрид? Дејан Костовски од Швајцарија ни ја раскажа целата приказна

Контактиравме со Дејан Костовски, сопственикот на пронајдената бурма во Охрид. Со години живее во Швајцарија и вели дека запознавањето на неговата сопруга било најдоброто нешто што му се случило во животот.

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-01.jpg

Во македонските медиуми одекна една прекрасна романтична приказна, која ни ја враќа вербата во среќата и љубовта. На плажа во Охрид беше пронајдена бурмата на еден пар, кој ја изгубил на истото место пред 5 години.

Акцијата на социјалните мрежи за барање на сопственикот на пронајдената бурма вроди со плод и наскоро таа повторно ќе биде во рацете на Дејан Костовски.

На прстенот е изгравирано „Monika+Dejan 28.07.1998“, а сега тој прстен повторно ќе се врати таму каде што припаѓа.

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-05.jpg

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-06.jpg

Ќерката на Биби Ставревска, Георгина, е чесниот пронаоѓач на бурмата, а Биби е таа што ја направи објавата на социјалните мрежи за пронаоѓање на сопствениците, која се прошири вирално со преку 8.000 споделувања.

Denes Georgina na plazata Akapulko Ohrid, vo voda najde vencalen prsten. Prstenot e izgraviran: "Monika+Dejan 28.07 1998". Ubavo bi bilo ako mozeme da go najdeme sopstvenikot. Ve molam spodelete :)

Posted by Bibi Stavreska on Sunday, August 19, 2018

Успеавме телефонски да стапиме во контакт со Дејан Костовски и да поразговаравме со него за овој интересен настан.

За CRNOBELO.com тој изјави дека е среќен што ја пронашол бурмата, но уште посреќен што ја запознал својата сопруга во животот.

„Моника е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Стапивме во брак кога таа имаше само 18 години, а јас 22. Годинава ја прославивме нашата 20-та годишнина од брак и имаме две прекрасни деца.

Инаку јас сум од Кочани, а сопругата од Охрид и веќе со години живееме во Швајцарија. Редовно ја посетуваме родната земја, па така и годината кога ја изгубив бурмата всушност бевме на летен одмор во Охрид. Бурмата ми беше малку лабава и изгледа при пливање ми испаднала. Навистина ме изненади чесноста на Биби и нејзиното семејство и едвај чекаме да ги запознаеме кога ќе дојдеме во Македонија за да ја земеме бурмата.

Интересно е што ова е втор пат да си ја изгубам и пронајдам бурмата. Првиот пат беше само една седмица откако се венчавме. Бевме на некоја прослава и наеднаш забележав дека не е на мојот прст. Нудев секакви награди за личноста што ќе ми ја пронајде, но по неколку дена, за среќа, ја пронајдов во мојата облека. Изгледа при играњето ми испаднала.

Потекнуваме од Македонија, таму правевме и свадба и секогаш со радост се враќаме, а овој настан со бурмата уште повеќе направи да веруваме дека ние Македонците сме навистина чесен и прекрасен народ.“

Инаку, Дејан ни ја фотографираше бурмата на неговата сопруга Моника и уште еднаш покажаа дека се пар кој е доказ дека кога љубовта е вистинска, годините не ѝ можат ништо.

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-07.jpg

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-04.jpg

chija-e-pronajdenata-burma-vo-ohrid-dejan-kostovski-od-shvajcarija-ni-ja-raskaza-celata-prikazna-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg