Како да го „преживеете“ летото до крај ако не одите на одмор?

Поради најразлични причини може да се случи да не користиме годишен одмор во текот на летото. Тоа може навистина да фрустрира, особено кога речиси сите околу нас објавуваат нови фотографии на социјалните мрежи од прекрасни дестинации.

kako-da-go-prezhiveete-letoto-do-kraj-ako-ne-odite-na-odmor-001.jpg 

За жал, постојат работници кои не се во можност да го користат одморот, сè уште немаат законско право на тоа, или пак од сосема други причини не можат да си дозволат одмор. Сепак, тоа не значи дека треба да бидете тажни.

Обидете се да направите нешто со што ќе добиете малку слободно време за себе, а сепак нема да ѝ наштети на работата:

Работете од дома во среда

Многу шефови и менаџери попрво би дозволиле вработениот да работи од дома (доколку тоа е можно) на средина на неделата, отколку во понеделник или петок.

Сепак, не го земајте овој ден на своја рака, туку разговарајте со претпоставениот за околностите. Можеби токму ова е паузата што ви треба.

Доколку вашата работа нема опција да се работи од дома, тогаш побарајте барем 1 слободен ден, понекогаш и тоа е доволно. 

kako-da-go-prezhiveete-letoto-do-kraj-ako-ne-odite-na-odmor-002.jpg

Искористете го продолжениот викенд

Поради празниците, може да се случи да имате продолжен викенд од 3 или 4 денови. Иако изгледаат малку, искористете ги за да прошетате некаде надвор од градот, или да одите на кратка екскурзија покрај езеро, планина, море.

Сепак е подобро отколку ништо, а доколку отидете со луѓе кои ги сакате, може да биде подеднакво убаво и незаборавно како и редовен одмор.

kako-da-go-prezhiveete-letoto-do-kraj-ako-ovaa-godina-ne-odite-na-odmor-02.jpg

Истражете го својот град и неговата околина

За ова ви е доволен и еден викенд. Отидете на места каде не одите вообичаено. Искачете се на некоја висорамнина, одете на излет покрај река, прошетајте во околината која не сте ја запознале.

Големи се шансите да откриете прекрасни места и атракции, а во исто време да одморите од секојдневието.

Уживајте со партнерот или пријателките 

Дури и да не одите некаде, користете ги викендите и неработните денови за максимално да се одморите и да се однесувате како да сте на одмор, а не да ги трошите за чистење, заморување или работење. 

Наполнете си ја кадата со партнерот, појадувајте како да сте на одмор, а не во брзање, соберете се со пријателките и правете си третмани за убавина или гледајте серии, уживајте во сите активности кои ќе ги правите и дајте си одмор кој ви е потребен без да одите некаде. 

kako-da-go-prezhiveete-letoto-do-kraj-ako-ne-odite-na-odmor-003.jpg

Организирајте забава во сабота навечер

Доколку имате услови за тоа, повикајте ги своите пријатели кај вас во сабота навечер. Обезбедете доволно храна и пијалаци, правете скара, танцувајте и забавувајте се.

Можете дури и да се договорите секој да донесе од дома некоја храна или нешто за пиење и да си поминете незаборавно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg