По полевањето со студена вода: „Матилда предизвик“ - нов интернет хит, инспириран од филм
Сигурно се сеќавате на прекрасната семејна комедија „Matilda“ од 1996 година... Ајде да внесеме малку магија во секојдневието.
На интернет постојано се појавуваат разни предизвици, од некои позитивни како поливање со студена вода за хуманитарни цели, до некои негативни кои може да ви го загрозат животот.
Новиот „The Matilda Challenge“ е навистина прекрасен затоа што е инспириран од семејната комедија „Matilda“ од 1996 година, која сигурно и вие сте ја гледале.
Актерката Мара Вилсон во неа танцува низ својот дом и со своите телекинетички способности прави предметите да летаат.
Иако филмот е стар, рекреирањето на сцената од него стана хит. За да снимите видео кое ќе одговори на предизвикот потребна ви е помош од семејството и пријателите и токму затоа ова го прогласуваме за позитивен предизвик на интернет.
Плус, видеата се навистина забавни за гледање.
Дел од нив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





