Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 ирационални мисли кои создаваат емоционални проблеми

Луѓето сме создадени и „програмирани“ така што со своите мисли си правиме поголеми проблеми од оние кои реално ги имаме.

12-iracionalni-misli-koi-sozdavaat-emocionalni-problemi-01.jpg

Обидете се да ги препознаете оние мисли кои се деструктивни за вас, а потоа обидете се да се изборите против нив. Секогаш кога сте вознемирени, пронајдете го коренот на проблемот и научете како да го отстраните.

Еве кои се тие мисли кои за жал, се присутни во вашата глава, но не се воопшто корисни за вас:

1. Ако сакаме да вредиме, важно е и другите да нè сакаат и ценат.

2. Ако не сме исклучително добри во нешто и не успеваме да постигнеме она што го сакаме, тогаш вредиме помалку од другите.

3. Сосема е во ред да ги обвините и казните оние кои се лоши и злобни кон вас.

4. Навистина е неподносливо чувството кога нештата не одат како што сме ги замислиле.

5. Човечката несреќа ја предизвикуваат надворешни фактори и самите не можеме да влијаеме да бидеме посреќни.

6. Ако нешто е или може да биде опасно, мораме постојано да се плашиме и да внимаваме тоа да не се појави во нашиот живот.

12-iracionalni-misli-koi-sozdavaat-emocionalni-problemi-02.jpg

7. Полесно е да се избегнат некои предизвици и потешкотии, наместо да се соочиме со нив.

8. Разумно е да зависиме од оние кои се посилни од нас и да се потпираме на нив.

9. Нашето минато е најважниот креатор на сегашноста. Ако нешто во минатото влијаело на сегашното однесување, тогаш засекогаш ќе биде така.

10. Потребно е да нè загрижуваат тешките судбини на другите, за да покажеме емпатија.

11. Секогаш постои вистинско решение, па не треба ништо да се презема околу некој проблем, додека не дојдеме до него.

12. Знаењето на некој авторитет сигурно е точно и не треба да го преиспитуваме.

Овие мисли и нивните варијации предизвикуваат да се наполниме со лоши емоции и негативни ставови кон животот. Ако сакате да сте силна и стабилна личност, треба да се запрашате околу логиката на вашите мисли.

Избегнувајте да се сожалувате, но и да се обвинувате себе за некои нешта кои не зависеле од вас. Исто така, треба да престанете да сожалувате други луѓе повеќе отколку што е нормално. Борете се со чувствата на лутина и страв.

Препознајте ги овие ирационални мисли кога ве напаѓаат и спречете да влијаат на вашите размислувања, проценки и постапки.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg