Торта, вино и салама со потпис Меланија - родното место на првата дама прави профит од нејзината популарност

Меланија торта, Меланија крем. Меланија вино и чај. Меланија папучи, Меланија салама. Во родниот град на првата дама на САД очигледно одлично заработуваат благодарение на нејзиното потекло.

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija-01.jpg

Многу малку производи останале имуни на трендот во руралното место Севница во Словенија каде што Меланија Трамп ја поминала својата младост.

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (4).jpg

Ограничените авторски права сепак значат дека поголемиот дел од производите само алудираат на нејзиниот идентитет, па така виното има етикета „Прва дама“, а папучите во сребрена боја со голема бела пуфка која потсетува на зајче од опавче се наречени „Белата куќа“.

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (2).jpg

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (7).jpg

Госпоѓата Трамп ја стави малата Севница во центарот на вниманието, иако местото брои околу 5000 жители и се протега во шумска долина покрај река, на некои 90 минути со автомобил од главниот град на Словенија, Љубљана.

Единствениот хотел кој се наоѓа во градот е повторно отворен на почетокот на оваа година, а бројот на туристите е зголемен за околу 15% за разлика од минатата година.

Меланија секако има прилично голема улога во прославувањето на Севница. Тортата „Меланија“ е само дел од деликатесите кои алудираат на неа и со кои можете да се засладите доколку го посетите родното место на сопругата на американскиот претседател.

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (8).jpg

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (1).jpg

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (5).jpg

Бројот на туристи постојано се зголемува последните 3 години, откако нејзиниот маж стана претседател на САД.

„По Меланија, работите навистина се променија“, потврдил и градоначалникот на градот Среќко Оцвирк. „Сега имаме туристи од целиот свет“.

Torta-vino-i-salama-so-potpis-Melanija (6).jpg

Жителите ја фалат Меланија што го ставила ова мало словенечко место на светската мапа.

Сепак, многумина се муртат на овие изјави и потврдуваат дека Севница има да покаже и многу повеќе покрај фактот што првата дама на САД потекнува од таму.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Афера со вработен на Доналд, користи двојничка: Најлудите шпекулации за Меланија Трамп Една од најпознатите теории на заговор за Меланија е дека користи двојничка биде...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg