Малку повеќе за рефлексите - зошто трепкаме при изненаден звук и при силно светло?

Дали некогаш сте забележале дека освен при промена на осветленоста во просторијата каде се наоѓате, трепнувате и кога ќе чуете изненаден силен звук?

malku-povekje-za-refleksite-zoshto-trepkame-pri-iznenaden-zvuk-i-pri-silno-svetlo-1.jpeg

Овој рефлекс не можеме да го контролираме, што значи дека потекнува од некаков заштитнички инстинкт. Но, според науката, токму тој рефлекс е еден од клучните поради кои сме преживеале како вид до денес.

Трепнувањето како последица на звук се случува многу брзо и свесниот дел од нас нема време да размисли зошто тоа се случува. Но, објаснувањето лежи во далечното минато, кога таквиот гласен изненаден звук значел потенцијален напад, односно дека нешто во близина на човекот паѓа и може да му предизвика повреда на очите.

Нашите далечни предци со рефлексното трепкање при звук, всушност ги штителе своите очи од повреди, знаејќи дека слепи, не можат да се заштитат ниту себе, ниту блиските.

Но, рефлексот на затворање на очите при светлина има малку поинаков механизам. Ова се случува свесно, а со тоа и трепнувањето кога ќе вклучиме светло во собата е и многу побавно отколку при звукот.

Исто така, потекнува од церебралниот кортекс, што значи дека однапред знаеме дека треба да замижиме, за да им дадеме доволно време на своите очи да се прилагодат на новонастанатата ситуација.

Она што е интересно за ваквите очни рефлекси е дека се исти и кај луѓето и кај животните, односно кај сите копнени цицачи.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg