7 навики на „лошите“ девојки кои треба да ги применувате до крајот на животот
Има нешто магично во „лошите“ девојки, зарем не? Плус, како секогаш тие подобро да поминуваат во животот...
Џил Вебер, психолог од Вашингтон, вели дека многу девојчиња уште од многу мала возраст се воспитувани секогаш да ги слушаат другите и да го направат тоа што се бара од нив.
Тие се многу подисциплинирани од момчињата и ги бие глас дека се добри. Но, таа нивна добрина потоа во животот може негативно да им влијае на среќата, заклучува таа.
Замислете постојано да живеете со притисокот дали сте доволно добри во очите на другите, наместо да ги следите своите желби и соништа. Понекогаш е потребно да скршнете од правилата и да го правите тоа што го сакате.
Дел од добрите навики на „лошите“ девојки :
1. Тие одбираат хоби за кое чувствуваат страст, без разлика што мислат другите.
2. Не патат по невозвратена љубов, пронаоѓаат некој што ги заслужува.
3. Заминуваат од средби ако некој им доцни.
4. Јавно изразуваат незадоволство за одредена ситуација, која не ги прави среќни.
5. Се слушаат себеси, своето срце и мозок, а не другите.
6. Им даваат слобода на избор на своите деца, а не ги воспитуваат да бидат бескорисни личности.
7. Знаат дека не се совршени, но веруваат во себеси.
С. С. | Црнобело