7 прашања кои ќе ве замислат: „Дали на групните фотки гледате само како сте испаднати вие?“

Дали понекогаш си поставувате вакви прашања кои поттикнуваат на размислување? Дали светот го гледате со ширум отворени очи?

7-prashanja-koi-ke-zamislat-dali-na-grupnite-fotki-gledate-samo-kako-ste-ispadnati-vie-01.jpg

На моменти сме себични, на моменти не сме свесни што правиме и користиме некои фрази без размислување.

Прашања кои ќе ве натераат да се замислите за себе и за човештвото:

Кога гледате групна фотографија, дали некогаш сте погледнале како се испаднати другите и за некој сте рекле види колку е убаво испаднат/а?

Кога за некого велите „Длабоко во себе тој е добра личност“, дали тој некогаш всушност бил добра личност?

Дали има поента да ја користите фразата „Без навреда“ за предупредување, кога на соговорникот планирате да му кажете нешто екстремно навредливо?

Дали кога случајно ќе ја пуштите предната камера си помислувате „Господе, зарем навистина вака изгледам“?

Дали кога во гласно кафуле некој ќе ви каже нешто и не сте го слушнале само му се насмевнувате како наводно знаете за што зборува, без да имате грижа на совест?

Дали сте сретнале болест чии симптоми не вклучуваат слабост и премор?

Колку пати сте се прашале дали личноста што слуша музика со слушалки е свесна дека пее на глас?

Дали „Ја/го сакам АМА...“ посочува на вистинска љубов?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg