Професионални трикови со кои секогаш ќе изгледате убаво на фотките

Не мора повеќе да бегате од фотоапаратот! Со најдобрите совети од француска модна фотографка, задоволни ќе бидете од секоја ваша слика.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-1.png

Лесно е да излезете добро на селфи, зар не? Меѓутоа, што кога зад објективот има друга личност? Тогаш не може да видите ни како изгледате на камера, ниту пак имате повеќе обиди, дури да го најдете совршениот кадар. 

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-2.jpg

Eкипата на страницата „Who What Wear“ разговараше со модната фотографка Garance Doré, која има неколку супер совети за позирање. Со нивна помош, веќе нема да срамите од ниедна слика.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-3.jpg

Ова се шесте професионални трикови со кои секогаш ќе изгледате убаво на фотките:

1. Истакнете ја левата страна на лицето.

Не знаете која ви е подобрата страна? Француската модна фотографка вели дека од нејзино искуство, но и според направените истражувања, поубава кај мнозинството луѓе е левата страна на лицето. Вежбајте пред огледало, како би го пронашле својот најдобар агол.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-4.jpg

2. Поставете го јазикот зад горните заби.

Вашата насмевка ќе изгледа најприродно на фотографиите, доколку јазикот го позиционирате позади горните заби, додека ѝ се смешкате на камерата. Освен со усните, не заборавајте да се смеете и со очите. Во спротивно, насмевката ќе ви изгледа лажно, нагласува фотографката.  

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-5.jpg

3. Обидете се да опуштите.

Колку повеќе размислувате за тоа како ќе испаднете на фотката, толку поголеми се шансите да не си се допаднете. Опуштете се пред камерата. За таа намена, ќе ви биде од полза еден трик. Затворете ги очите и отворете ги непосредно пред фотографирањето. Потрудете се и насмевката да ви биде што е можно поприродна.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-6.jpg

4. Додека седите, фотографирајте се од горен агол.

Кога се сликате во седечка положба, побарајте од фотографот да ве фати одозгора. Притоа, лежерно подигнете ја главата кон објективот. Доколку сакате да изгледате послабо, навалете се малку нанапред.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-7.jpg

5. Додека стоите, фотографирајте се од долен агол.

Ако, пак, желба ви е да делувате повисоки и повитки на фотките каде се гледате од глава до пети, тогаш замолете некого да ве слика одоздола. Така вашите нозе ќе изгледаат фантастично, тврди фотографката.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-8.jpg

6. Навалете ја суптилно главата на една страна.

Доколку гледате директно во камерата, тогаш наклонете се благо со главата настрана, како би им подариле дополнителна длабочина на своите црти од лицето.

profesionalni-trikovi-so-koi-sekogash-kje-izgledate-ubavo-na-fotkite-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg