Како брзо и квалитетно да се наспиете додека патувате во различни превозни средства?
-->
Тропањето на тркалата, тресењето на автомобилот или возилото, бучавата, сијалилците по патот и слични работи може да бидат тортура кога се обидувате да заспиете по пат.
И додека некогаш не е неопходно да заспиете, има ситуации и патувања кога сакате да одморите во тие неколку часа.
-->
Па, доколку не сакате да се мачите на следното патување и имате потреба квалитетно да се наспиете, постојат начини и за тоа.
Ефективни совети од искусни патувачи кои ќе ви помогнат полесно да заспиете во било кое превозно средство:
Во воз
- Треба да се изморите пред патувањето, така полесно ќе заспиете каде било
- Земете тампони за уши и маска за очи за да не ви пречи околината
- Не спијте преку ден пред патувањето
- Не се прејадувајте
- Можете да консумирате билки за смирување како валеријана или чај од нане и камилица
- Читајте книги – тоа е познат метод за полесно заспивање
- Пуштете си тивка, смирувачка музика
- Носете удобна облека за да ви биде пријатен одморот
Во авион
- Не резервирајте седишта во последниот ред
- Секогаш врзувајте го безбедносниот појас, за во случај на турбуленција додека спиете, стјуардесата да не ве вознемирува
- Пијте вода – сувиот воздух предизвикува дехидрација, а тоа води до инсомнија
Во автобус
Истите методи како за во воз, плус уште неколку:
- Напијте се апче против гадење од движење, бидејќи патот со автобус е понепријатен
- Одберете го вистинското место за вас – покрај прозорец може да ја потпрете главата, а на другото седиште, може да ги испружите нозете кон средината на автобусот
- Одберете автобус за враќање – ако во еден правец патувате со воз или авион, а во друг со автобус, секогаш бирајте го автобусот за назад, бидејќи се смета дека патот назад е полесен и побрз.
-->
-->
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее)
„Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите
Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери)
Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери
„Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 уникатни стандарди за убавина во различни земји, кои го прават светот поживописен
Тетоважа на брадата кај жените, плочки во устата на мажите... некои стандарди за...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор
Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...