Последните зборови кои ги изговориле великаните пред смртта

Морбидни, потресни, комични, вака може да се опишат последните зборови кои ги изговориле великаните непосредно пред смртта.

Poslednite-zborovi-koi-gi-izgovorile-velikanite-pred-smrtta-01.jpg

Кралеви, принцези, поети, генијални музичари и претседатели, никој не е имун на смртта, и покрај славата и популарноста.

Кои биле последните зборови на принцезата Дајана, Винсент ван Гог, Џон Ленон? Време е да дознаете:

„Те сакам многу, мое мило дабарче“. - Жан Пол Сартр (1905-1980) со зборовите упатени кон неговата љубов Симон де Бовоар.

„Простете ми господине. Не го направив тоа намерно“. - Марија Антоанета (1755-1793) кон нејзиниот џелат откако случајно го згазнала неговото стапало.

„Валери“. - Т. С Елиот (1888-1965), шепнувајќи го името на неговата сопруга.

„Ти си прекрасна“. - Сер Артур Конан Дојл (1859-1930), на неговата сопруга.

„Збогум мое маченце“ - Ернест Хемингвеј (1899-1961), кон неговата жена Мери, пред да изврши самоубиство.

„Знаев, знаев! Роден во хотелска соба и по ѓаволите, ќе умрам во хотелска соба“. - Јуџин О’Нил (1888-1953), во бостонски хотел.

„Од сè ми е здосадено“. - Сер Винстон Черчил (1874-1965).

„Морам да одам, бидејќи маглата се крева“. - Емили Дикинсон (1830-1886).

„Се надевам дека овој излез е среќен и се надевам дека нема никогаш да се вратам“. - Фрида Кало (1907-1954), последното пишување во нејзиниот дневник.

„Не верувам дека воопшто ме слушнаа“. - Јукио Мишима (1925-1970), пред да изврши самоубиство.

„Баш напротив!“ - Хенри Ибзен (1828-1906), кон медицинската сестра која искоментирала дека неговото здравје се подобрува.

„Би сакал да им ја пренесете мојата љубов на моето семејство и пријателите“. - Тед Банди (1946-1989), пред егзекуцијата за извршените злосторства.

„Еден последен пијалак, ве молам“. - Џек Даниел (1846-1911).

 „Оставете ја завесата од внатрешната страна на кадата“ - Конрад Хилтон (1887-1917), откако го прашале има ли да каже нешто мудро.

„Сè е илузија“. - Мата Хари (1876-1917), на нејзиниот џелат.

„Те молам не ме оставај. Те молам не ме оставај“. - Крис Фарли (1964-1997) кон проститутката во хотелската соба.

„Би сакал да стигнам во пеколот за време на вечерата“. - Едвард Рудолф (1819-1871), осуден сериски убиец, последниот човек кој бил осуден со смрт со бесење во Њујорк.

„Сакате се едни со други“. - Џорџ Харисон (1943-2001) на неговото семејство.

„Господе, што се случи?“ - Принцезата Дајана (1961-1997).

„Зошто липате? Зарем мислевте дека сум бесмртен?“ - Кралот Луј XIV (1638-1715).

„Конечно ќе ја видам Мерилин“. - Џо ДиМаџио (1914-1999) мислејќи на неговата љубов Мерилин Монро.

„Сигурна сум дека повторно полудувам. Чувствувам дека не можеме да поминуваме повторно низ тие ужасни времиња. Нема да закрепнам овој пат… не можам да продолжам да ти го уништувам животот повеќе. Не верувам дека двајца луѓе би можеле да бидат посреќни од што бевме ние“. - Вирџинија Вулф (1882-1941), во нејзината порака пред да изврши самоубиство.

„Господе, смилувај се на мојата кутра душа“. - Едгар Алан По (1809-1849).

„Да, јас сум“. - Џон Ленон (1940-1980), откако го прашале во автомобилот за брза помош за неговиот идентитет.

„Ајде, излегувај! Последните зборови се за будали кои не успеале да кажат доволно!“ - Карл Маркс (1818-1883), откако го запрашале кои се неговите последни зборови.

„Дали се сите во ред?“ - Роберт Ф. Кенеди (1925-1968), откако пукале во него.

„Тагата ќе трае вечно“. - Винсент ван Гог (1853-1890), кон неговиот брат Тео додека лежел на смртната постела.

„Не сакам ништо, освен смрт“ - Џејн Остин (1775-1817), кон нејзината сестра Касандра која ја прашала дали сака уште нешто.

„Пријатели, аплаудирајте, комедијата е завршена“. - Лудвиг ван Бетовен (1770-1827).

„Ох, нема да умрам, нели? Тој нема да нè раздели, ние бевме толку среќни“. - Шарлот Бронте (1816-1855), кон нејзиниот сопруг.

„Гледам црна светлина“. - Виктор Иго (1802-1885).

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg