Искрени исповеди: Кога одморот ќе се претвори во хорор
Кога станува збор за одмори и патувања, најчесто имаме добри спомени и искуства кои сме ги доживеале и засекогаш ќе ни останат во сеќавање.
Но, тоа не значи дека нема луѓе кои се соочиле со ужасни ситуации, па одморот им се претворил во хорор.
Дури и кога мислите дека вашиот одмор не бил добар или бил лош, сетете се дека секогаш постои полошо.
Овие луѓе споделуваат некои од најлудите искуства кои им се случиле на
„Тргнавме на пат и ни се дупна гумата. Мотелот во кој требаше да ја поминеме вечерта, ја издал нашата соба на некој друг бидејќи не беше платено. Единствениот мотел каде имаше слободна соба беше ужасен, а имаше и бубачки.
Во 'историскиот хотел' ни наплатија 100 долари, што речиси беа нашите последни пари, откако се дупна гумата. Купив огромен сендвич и го поделивме како два оброка. Се коцкав и вложив 5 долари и добив 40, па платив патарини до дома.“
„Отидовме во бунгалови на одмор на планина. Моето куче го удри автомобил и го поминавме пола одмор на ветеринар. Сега тој е добро.“
„Кога учев средно училиште, отидов на одмор со мајка ми на Хаваи. Кога се вративме, нејзиниот сопруг ја напушти и се иселил од домот додека не бевме дома.“
„Бевме на 7-дневно кампување. Беше полно со комарци и врнеше 5 од 7 дена.“
„Оригиналниот лет ми беше од Мајами до Баранкиља, Колумбија (топло време). Аеродромот таму беше затворен привремено. Ни го сменија летот до Богота, Колумбија (ладно време).
Јас носев маичка по прерамки. Кога стигнавме во Богота, кажаа дека аеродромот во Баранкиља е уште затворен, но ако летав до Картагена, Колумбија, ќе бидам поблиску и ќе го отворат до тогаш.
Во Картагена нè пратија со големи туристички автобуси до Баранкиља. Автобусот се расипа. Немавме џемпери, ниту пак потребната валута за да купиме нешто, бидејќи требаше семејството од таму да нè земе и не сменивме пари.
Не можевме да стапиме во контакт со семејството во Мајами, ниту со тоа во Баранкиља 36 часа. Лудо патешествие.“
„Додека бев на одмор во Мексико, помислија дека сум проститутка бидејќи го чекав пријателот навечер додека е на банкомат. Обезбедувањето му дозволи на мојот пријател да оди во трговскиот кој е поврзан со диското за да извади пари. Јас чекав со чуварот кога тој испушти чудна свирка. По 1 минута, дојде некој од Европа и се обиде да ме купи за вечерта.“
„Кога имав 5 години, моите родители ме однесоа во Дизниленд. После еден ден, добив сипаници и моравме да си одиме. Рушење на соништа.“
„Отидов на одмор со девојка ми. Се вратив сингл.“
„Имав 8 години. Отидов на одмор со семејството. Се разбудив по 9-дневна кома. Не знам каде бев и како стигнав таму.“
М. М. | Црнобело