Едноставни начини како да оставите впечаток на паметна личност
Зборувајте јасно
Се верува дека одредени манири во зборувањето создаваат импресија за интелигентна личност, дури и да не е така.
Зборувајте јасно и не ги издолжувајте драмските паузи. Не користете посебни термини освен ако не сте сигурни дека соговорникот ќе ве разбере.
И секако, насмејте се
Според резултати од истражувања, луѓето кои се смеат освен што изгледаат попријатно, исто така изгледаат и попаметно од оние кои не се смеат.
Иако, ова важи повеќе за мажите, бидејќи жените наводно секако се смеат повеќе од нив или затоа што насмевката на жените се поврзува со несериозност.
Пишувајте така што полесно ќе ве разберат
Во последно време, пишувањето пораки станува многу попопуларно од другите типови на комуникација.
Токму затоа е направено интересно истражување, кое открило врска помеѓу едноставноста на пораката и на репутацијата на оној кој ја напишал.
Изгледа дека колку е поедноставна пораката, толку поинтелигентно изгледа нејзиниот автор.
Па затоа, заборавете на рефератите!
Одете како сите други
Според истражувања, изгледа дека луѓето чија брзина на одење се разликува од онаа на другите, не се сметаат за паметни.
Наводно, тие излегуваат од генералниот ритам на човечкиот тек, и со тоа предизвикуваат „судари“, падови, истурено кафе по облека и расипано расположение.
Затоа, следете го чекорот на оние околу вас.
Шегувајте се и ценете го туѓиот хумор
Дури и ако само позитивно реагирате на шегите на другите, во друштвото веќе ќе бидете гледани како попаметна личност.
А, способноста за кажување шеги пак, е само позитивен бонус кој допринесува за тоа.
М. М. | Црнобело