Едноставни начини како да оставите впечаток на паметна личност
Некои научници се фокусираат на истражувања за тоа дали е можно интелигенцијата да се развие во текот на животот.
Други пак, тврдат дека менталните способности зависат искличиво од генетиката.
Но, има и такви кои се посветени на тоа луѓето кои не се толку паметни да го прикријат тоа.
Според тоа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат во тоа, колку и да звучат чудно или смешно на прв поглед.
Како да оставите впечаток на паметна личност, дури и да не сте толку големи генијалци:
Поработете на изгледот
Британските психолози докажале дека луѓето кои се средени, изгледаат попаметно од другите.
Тие се совршени, надворешно и внатрешно, според стереотипите кои се пренесуваат од еден на друг.
Па затоа, не дозволувајте да изгледате несредено и секогаш внимавајте на вашиот изглед кој ќе направи да личите на паметна личност.
Не го занемарувајте првиот впечаток
Се вели дека кога ќе ја видиме облеката на личноста, може да ѕирнеме и во нивниот ум.
Според научни истражувања, луѓето кои се добро облечени и имаат добри манири оставаат подолг и подобар впечаток врз останатите.
Не се плашете да гледате во очи
Во некои култури, не е вообичаено да го гледате соговорникот во очи, но во повеќето останати, контактот со очи е задолжитетлен.
Според резултати од истражувања, овој контакт за време на разговор ќе создаде репутација дека сте отворени и самоуверени во вашиот интелект, па луѓето ќе ве гледаат како попаметни отколку ако им бегате со поглед.
Ако тоа не успее, ставете дебели очила
Ова необично истражување докажано дека дебелината на рамката на очилата игра улога во тоа дали личноста изгледа интелигентно.
Па, ако сакате да изгледате попаметно, ставете очила со дебели рамки.