Ледени коцки од малина

За да ги подготвите едноставниот и вкусни ледени коцки од малина, потребно ви околу половина час, неколку состојки и мала желба и причина за да...

 

... се "проврткате" во кујна. ledeni-kocki-od-malina

Што ви е потребно: 

  • околу 600 грама малини 
  • 250 мл ладно млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 3 кесички шлаг
  • 1 кесичка ванилин шеќер


Начин на подготовка:

Помешајте ги млекото и слатката павлака, додајте го шлагот и ванилиниот шеќер и миксирајте додека смесата не се изедначи. Потоа, сипете ја смесата во сад кој минимално сте го намачкале со масло или путер, а одозгора распоредете ги малините.

Покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, штом смесата добро ќе се 'стегне', исечете ја смесата на коцки и послужите со преостанатите малинки.

Едноставно и вкусно, зарем не?

Би можело да ве интересира:

Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
Павлова торта, Цезар салата - Како изгледале луѓето по кои се наречени популарните јадења? Иако пицата не била храна за аристократи, во 1889 година, италијанската кралица ...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg