Правила кои мора да ги почитувате при посета на стриптиз клуб

Во тие локали некој заработува за живот, па без разлика дали го оправдувате тоа или не, потребно е да ја задржите културата.

pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-pri-poseta-na-striptiz-klub-01.jpg

Првата асоцијација за стриптиз клубовите е задоволство.

Но, тие всушност се бизнис организации од кои некои луѓе заработуваат за живот.

При посетата мора да следите одредени правила:

Не се обидувајте да имате секс со стриптизетата/стриптизерот - Танчарите во стриптиз клубовите имаат за цел да ве забавуваат, а не да имаат секс со вас.

Не ја мешајте нивната професија со проституција. Дури и да минете со нив до следното ниво односно танц во скутот во приватна просторија, тоа не значи дека ви се достапни за секс.

Немој да бидете перверзни - Навистина нема потреба да им дофрлате перверзни коментари и непријатни забелешки. Задржете ја културата дури и кога сте во стриптиз клуб.

Тие ја работат својата работа и се обидуваат да заработат пари за живот, без разлика дали вие го оправдувате начинот или не.

Ако имате фетиш платете плус - Доколку сакате некоја специјална изведба со лисици, пердуви или имате некој друг фетиш, прво прашајте за согласност, а потоа платете дополнителна сума за оваа изведба.

pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-pri-poseta-na-striptiz-klub-02.jpg

Внимавајте на хигиената - Танцот на стриптизерките/стриптизерите понекогаш ги носи блиску до вас, па навистина е непријатно да се чувствуваат вашите телесни миризби.

Како и за на секое друго место, така и за во стриптиз клубот внимавајте на хигиената.

Не доживувајте оргазам во панталони - Навистина никој нема потреба да го види вашиот нечист, влажен скут.

Обидете се да ја контролирате возбудата. Направете пауза од претставата, испијте пијалак, па продолжете со забава.

Покажете почит - Не ги третирајте вработените во стриптиз клубот како да се отпадоци. Верувале или не, дел од нив се професионалци кои тренираат секој ден за нивната изведба.

Ако се разголени пред вас, не значи дека треба да си искористувате или омаловажувате.

Не им предложувајте брак - Не се обидувајте да бидете спасител кој ќе ги оттргне од таквиот начин на живот, ова особено важи за мажите.

Не значи дека ако девојката ве заинтригирала со танцот, треба да и предложите брак и да ѝ понудите да ја спасите од оваа „ужасна“ професија. Тие понекогаш немаат потреба од спасители, а можеби и веќе се во брак.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg